Македонија
Дуатлон финале во Градски парк
Големо дуатлон финале, во коешто ќе учествуваат финалистите од сите градови – учесници на дуатлон трките во Македонија, ќе се одржи в сабота во Градскиот парк во Скопје
Големо дуатлон финале, во коешто ќе учествуваат финалистите од сите градови – учесници на дуатлон трките во Македонија, ќе се одржи в сабота во Градскиот парк во Скопје.На отворањето на овој спортски настан ќе говорат градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и генералниот директор на НВО “Интегритет АО”, Брајан Ричардс, во чијашто организација е и самиот настан.Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, ќе го означи стартот на првата трка (прва категорија-возење велосипед), а стартот на втората трка (втора категорија-трчање), ќе го означи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски.Наградите на победниците ќе им ги доделат градоначалниците на градовите учесници во големото дуатлон финале од Скопје, Битола, Струга и Пробиштип. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

