Спорт
ЛШ: Минимален пораз на Тричковски и АПОЕЛ во Краков

Кипарскиот шампион АПОЕЛ чии дрес го носи фудбалскиот репрезентативец на Македонија Иван Тричковски, загуби минимално во првиот натпревар од последното квалификационо коло, за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.
Кипарскиот шампион АПОЕЛ чии дрес го носи фудбалскиот репрезентативец на Македонија Иван Тричковски, загуби минимално во првиот натпревар од последното квалификационо коло, за пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. На гостувањето во Краков, кај шампионот на Полска Висла, АПОЕЛ е поразен со 1:0, со голот кој во 71-та минута го постигна Малецки. Тричковски на стадионот во Карков одигра 85 минути пред да биде заменет. Реваншот на Кипар по кој ќе биде познат патникот во фазата по групи ќе се одигра за една недела. На останатите натпревари од четвртото квалификационо коло кои се одигра вечерва, Одензе го изненади Виљареал, победувајќи со 1:0, голот го постигна Андерсон во 84-та минута. Макаби Хаифа поведе со 2:0 против Генк со головите на Амаша и Двалишвили, голот на надеж за шампионот на Белгија го постигна Барда. Динамо Загреб и Баерн Минхен со една нога се веќе во главната фаза откако забележаа сигурни победи над Малме, односно Цирих. Динамо на „Максимир“ во Загреб го совлада Малме со 4.1 (два гола постигна Самир, по еден Рукавина и Бечирај, стрелец за Малме беше Мехмети), додека Баерн со головите на Швајнштајгер и Робен рутинирано го победи Цирих со 2:0. крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лајпциг во дербито ја победи Борусија Дортмунд

Лајпциг на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:0, во дерби натпреварот одигран во 26. коло од Бундес лигата.
Лајпциг поведе во првото полувреме и ја потврди победата во вториот дел од натпреварот. Борусија имаше иницијатива, но не успеа да ги материјализира шансите.
Домашните поведоа во 18. минута, кога Чави Симонс погоди на асистенција на Бенџамин Шешко за 1:0.
Победата ја потврди Лоис Опенда во 48. минута, на кого му асистираше стрелецот на првиот гол, Симонс.
Лајпциг е на петтото место во Бундеслигата со 42 бода, додека Борусија е на 11. место со 35.
Во наредната рунда, по репрезентативната пауза, Лајпциг ќе гостува во Менхенгладбах, додека Борусија Дортмунд ќе го пречека Мајнц.
Спорт
(Видео) Два гола на Мбапе за триумф на Реал кај Виљареал

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Виљареал со 2:1 (2:1) по пресвртот во 28. коло од шпанската Ла Лига.
„Кралскиот клуб“ успеа да направи пресврт, да освои три бода и накратко да го заземе првото место во шпанското првенство благодарение на головите на Килијан Мбапе.
Не почна најдобро за избраниците на Карло Анчелоти, кои губеа од 7. минута, кога Виљареал поведе преку Хуан Фојт.
Предноста на Виљареал траеше само 10 минути, бидејќи Килијан Мбапе во 17. минута успеа да постигне гол за израмнување.
Истиот играч повторно погоди во 23. минута на асистенција на Лукас со што го постави конечниот резултат 2:1.
Реал моментално е прв на табелата со 60 бодови, додека Виљареал е на шестото место со 44.
Спорт
(Видео) Милан го победи Комо

Фудбалерите на Милан успеаја да врзат две победи. Како и во минатата рунда, Милан победи по пресврт. Во минатото коло родосонерите победија во Лече, а вечерва на домашен терен го совладаа Комо.
По израмнетото прво полувреме, Комо успеа да замине на пауза со гол предност. Гостите поведоа преку Да Куња, кој му донесе водство на својот тим во 33. минута, со удар со левата нога од околу 18 метри.
Милан делуваше безопасно и загуби во првиот дел од натпреварот, па беше вистински благослов што не примија уште еден гол. Се радуваа и играчите на Ком во 49. минута. Да Куња повторно беше стрелец, но по ВАР проверка голот беше поништен поради милиметарски офсајд.
Казната Комо го стигна две минути подцна. Леао и Рејндерс комбинираа, а нивната акција во гол ја претвори Кристијан Пулишиќ. Овој гол како да им даде „крилја“ на фудбалерите на Милан. Тие успеаја целосно да го свртат резултатот, а Рејндерс го постигна вториот гол во 75. минута од натпреварот.
Рејндерс можеше да стави точка на натпреварот во 85. минута, шутираше дијагонално од левата страна, а топката заврши крај голот.
На крајот, Комо во последната минута остана со играч помалку на теренот. Деле Али беше исклучен поради груб фаул, кој влезе во игра само девет минути порано на местото на стрелецот на Комо, Да Куња. Инаку, претходно црвен картон доби и тренерот на Комо, Сеск Фабрегас.
Во следното коло Милан игра против Наполи, додека Комо ќе го пречека Емполи.