Спорт
Севиља, Рома, Тотенхем, Шалке, можни противници на Работнички

Денеска во Нион со почеток во 13,30 часот ќе биде обавена ждрепката за плеј-оф мечевите за учество во групите на Лигата на Европа.
Денеска во Нион со почеток во 13,30 часот ќе биде обавена ждрепката за плеј-оф мечевите за учество во групите на Лигата на Европа.Работнички го постигна најголемиот успех досега со пласманот во четвртата рунда и сега очекува противник од групата на носителите, меѓу кои има и екипи кои биле елиминирани во Лигата на Шампионите. Кај носителите нема слаби екипи, а можни противници на Работнички се Севиља, Рома, Тотенхем, Шалке, Фулам Селтик, Партизан…Носители во жрепка: Севиља, Рома, Тотенхем, ПСВ Ајндховен, Атлетико М., Спортинг, Брага, Шалке, Динамо БК., Панатинаикос, Глазгов, Спартак М., ПСЖ, АЗ Алкмар, Андерлехт, Фулам, Селтик, Бешикташ, Хапоел Т.А., Металист, Стандард, Бриж, АЕК, Спарта, Стеауа, Палермо, Атлетик Б., Динамо Б., Салцбург, Розенборг, Локомотив М., ПАОК, Бирмингем, Стоук, Рен, Австрија, Рапид Б. И Партизан.Неносители: Јанг Бојс, Работнички, Спартак Трнава, Насионал, Хановер, Газ Метан, АЕК Ларнака, Сошо, Дњепар, Трабзон, Бурса, Гимараеш, Хелсинборг, Карпати, ЦСКА С., Ворскла, Валсуи, Рид, Сион, Тун, Аланија, Алесунд, Омонија, Литекс, Сласк, Хартс, Нортслјенд, Легија, Олимпијакос В., Слован, Марибор, Хелсинки, Екранес, Зестафони, Макаби Т.А. Шамрок, Динамо Тб., Ц. Звезда.крај/макфакс/м.н./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маркус Смарт се сели во ЛА Лејкерс

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Маркус Смарт, се раздели со франшизата од американската престолнина и потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс.
Смарт доби двегодишен договор вреден 11 милиони долари, изјави извор за Асошиејтед Прес.
Франшизата од Лос Анџелес сакаше добар дефанзивец кој ќе ги поддржува ѕвездите на тимот, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.
Лејкерси ја прекинаа соработката со Шек Милтон за да направат место за Смарт.
Смарт помина девет сезони во Бостон, а последните две години играше за Мемфис и Вашингтон.
Играјќи за Селтикс, Смарт беше најдобриот дефанзивец во НБА во 2022 година.
Откако го напушти Бостон, одигра само 54 натпревари во последните две сезони поради повреди.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Сити испратил понуда за Диого Кошта

Манчестер сити започна преговори со Порто, од каде се надева дека ќе го доведе голманот на овој тим и на португалската репрезентација. Диого Кошта.
Диого Кошта е под договор со Порто и во наредните две сезони, а Сити се надева дека 60 милиони евра ќе бидат доволни за да се заврши работата.
Минатата сезона, тој одигра 43 натпревари, прими 45 гола и 19 пати ја задржа мрежата.
Доколку Кошта се пресели во Манчестер сити, според шпекулациите Бразилецот Едерсон ќе заврши во Галатасарај.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Рики Рубио ѝ се врати на кошарката

Рики Рубио повторно ќе игра кошарка. Познатиот шпански плејмејкер, човекот кој помина 12 години во НБА, пред две сезони се врати во Барселона, а потоа реши да се пензионира.
Рубио никогаш не криел дека имал проблеми со ментални проблеми, откако почина неговата мајка. По пауза од една година, Рики се враќа таму каде што сè започна.
Според каталонските медиуми, тој се согласил да се врати во Хувентуд, за кој дебитираше пред две децении, на возраст под 15 години. Овој плејмејкер ги освои ФИБА Еврокупот и УЛЕБ Купот со тимот од Бадалона, а потоа и Кралскиот Куп во 2008 година пред да замине за Барселона.
Спортскиот директор на Хувентуд, Жорди Марти, и тренерот Мирет го убедиле Рубио да и се врати на кошарката.
Во САД Рубио играше за четири клуба Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Фото/ Принтскрин