Македонија
Пратеникот Иван Стоиљковиќ навреден од коментар на новинар
Ве повикувам да престанете со пишување и навреди по етичка основа, затоа што тоа не придонесува не само кон стабилизација на политичките прилики во Македонија, туку предизвикува сериозни последици во политичкиот живот
Ваква е реакцијата на лидерот на Србите во Македонија и пратеник во Собранието, Иван Стоиљковиќ, на коментарот на новинарката Оливера Војневска, во Утрински весник, со наслов Српско за патриотите.Коментарот е напишан во врска со пуштањето на српска песна на промоцијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, а за Стоиљковиќ, тој е полн со говор на омраза.„Коментарите во медиумите во Р. Македонија се провокација од најтежок вид во однос на српскиот народ кој живее во Македонија… Пишувањето на тој начин го толкувам како обид за дискриминација на Србите во Македонија по етнички основ“, рече на денешната прес-конференција во Собранието, Стоиљковиќ. Според него, коментарот на Војневска е пишување со говор на омраза и смета дека е провокација кон Србија. „Отворено ќе ве прашам, дали Македонците не треба да ја пеат Калеш Анѓа, затоа што Турците во Македонија ќе се чувствуваат навредени“, рече Стоиљлковиќ. „Затоа ве повикувам да престанете со пишување и навреди по етичкка основа, затоа што тоа не придонесува не само кон стабилизација на политичките прилики во Македонија, туку предизвикува сериозни последици во политичкиот живот на Македонија“, рече Стоиљковиќ.Војневска е изненадена од реакцијата на Стоиљковиќ, особено затоа што во текстот тој или српската заедница не се воопшто спомнати.„За прес-конференцијата во Собранието дознав од колеги и се изненадив, бидејќи се работи за текст на новинар, уште повеќе се реаботи за коментар кадешто се работи за личен став. Најмногу се изненадив, поради тоа што пресот е организиран во Собранието, значи некој на Стоиљковиќ му дозволи да го злоупотреби Собранието“, рече Оливера Војневска, автор на коментарот.Таа смета дека Стоиљковиќ можел да реагира од седиштето на неговата партија, а вака „е притисок врз новинарите, со тоа што Собранието може да реагира на кој било друг напишан текст или прилог во медиумите“.„Сите изјави коишто се во насока на замолчување на новинарските пера се во функција на замолчување на новинарите и слободната мисла. Сметам дека новинарите треба да си пишуваат аргументирано, да не поттикнуваат говор на омраза, но политичарите ќе мора да се соочат и со новинарските кометари и заклучоци“, рече Мира Костиќ од Здружението на новинари.Сепак, според неа, секој пратеник има право да ја користи говорницата во Собранието наменета за нивно обраќање и не е спорно местото на одржување на прес-конференцијата, туку немањето „аргументи за да потврди она што тој сакаше да го каже дека српската заедница е дискриминирана со овие написи и се поттикнува говор на омраза. Јас во коментарот не видов такво нешто“, рече Мира Костиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.
Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји.
Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува нова фаза во економските и деловните односи меѓу двете земји, со фокус на конкретни резултати, инвестиции и заеднички развој.
„Формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора испраќа силна порака дека економската соработка меѓу нашите држави се издигнува на повисоко, постратешко ниво. Ова е практичен механизам за поврзување на бизнисите, за поттикнување инвестиции со додадена вредност, за иновации и трансфер на знаење, но и за градење доверба која е основа на секое сериозно економско партнерство,“ истакна Димитровски.
Македонско-шведските економски односи бележат стабилен и охрабрувачки развој, со јасен потенцијал за понатамошна експанзија. Зголемениот интерес од компаниите и инвеститорите од двете земји ја потврдува потребата од институционална платформа која ќе ги поврзе деловните заедници и ќе ја забрза реализацијата на заедничките економски проекти. Во тој контекст, Комората се позиционира како катализатор за зголемување на билатералната трговија и проширување на секторите на соработка, се истакнува во соопштението.
„Шведско-Македонската Стопанска Комора ќе делува како платформа за активна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор, обезбедувајќи системска поддршка за компаниите, застапување на нивните интереси и создавање амбиент на доверба, транспарентност и институционална стабилност. Преку ваков пристап, Комората ќе придонесе кон развој на одржливи, долгорочни и взаемно корисни деловни партнерства.
„Со формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора, испраќаме јасна порака дека ние сме подготвени за посилна економска соработка, за привлекување квалитетни инвестиции и за градење партнерства засновани на европски стандарди, доверба и заедничка визија за економски раст и развој”, заклучи Димитровски.
Македонија
Појава на магла и намалена видливост во околината на Дебар
АМСМ информира дека во околината на Дебар има појава на магла и намалена видливост до 50 метри.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.

