Спорт
Платини ја поддржува идеата за Супер Лига

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини е подготвен да ги слушне предлозите на топ клубовите од Европа во врска со креирањето на континентална лига
Концептот за Супер Лига подолго време кружи во фудбалските кругови, а клубовите се свесни за финансиските поволности што ќе дојдат со тоа.
Се до сега ваквата идеа не добиваше поддршка од домашните и Европските фудбалски тела.
Но сегашната економска ситуација по се изгледа ги натера водечките луѓе во Европскиот фудбал да ги разгледаат предлозите, а Еврпската Асоцијација на Клубови минатата недела го доставила својот предлог на еден состанок во Швајцарија.
Се верува дека Супер Лига, која треба да ги замени Лигата на Шампионите и УЕФА Купот, треба да биде составена од три дивизии со по 20 до 22 клуба во секоја дивизија, нешто што доби поддршка од УЕФА.
“Сите ја знаат мојата филозофија за Европските натпреварувања, но светот се менува и мораме да бидеме претпазливи за тоа.” – рече претседателот на УЕФА за France Football..
“Доколку само јас бев тој што одлучува ќе ги вратев Европските Купови како што беа на почетокот, само со нок-аут рунди. Но мора внимателно да ги слушаме сите предлози.”
“Доколку клубовите дојдат и разговараат со нас, ќе ги слушнеме и потоа ќе одлучиме.”
Домашните Европски првенства ќе останат доколку идеата се примени, но ќе биде потребно да доживеат реконструкции со цел да им се овозможи на топ тимовите да се натпреваруваат во двете првенства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл во Париз – Алкараз се врати од 0:2 спаси три меч топки и го победи Синер

Шпанецот Карлос Алкарас, во спектакуларно финале, едно од најдобрите во историјата на тенисот, успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Алкараз, против првиот светски рекет, Јаник Синер, се врати по негативата од два сета, во четвртиот спаси три меч топки и славше победа 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6.
Епското финале на стадионот „Филип Шатрие“ траеше пет часа и 31 минута. Пресвртна точка во мечот беше 10.гем во четвртиот сет. Синер, кој претходни ги доби првите два сета, па Алкараз намали на 2.1, имаше три меч топки, но Алкараз волшебно се извлече, нарави брејк, а потоа во тај-брејкот изедначи на 2:2.
Во решавачкиот сет, се случи брејк на Алкараз на стартот, потоа Шпанецот во 10.гем сервираше за победа, но Синер се врати избори супер тај-брејк, во кој беше прегазен од Шпанецот со 1:0.
Алкараз и Синер прв пат играа еден против друг во Гренд слем финале. Мечот во Париз беше 12, Алкараз сега води со 8:4. Шпанецот ги доби последните пет дуели.
Спорт
(Видео) Франција трета во Лигата на нации

Франција го освои третото место во Лигата на нации со победата 2:0 над домаќинот на завршниот турнир, Германија.
Французите, кои загубија од Шпанија со 5:4 во луд натпревар во полуфиналето, поведоа во судиското продолжение во првото полувреме.
Откако топката беше уфрлена од десната страна, Килијан Мбапе совршено реагираше во шеснаесетникот и им донесе предност на актуелните вицешампиони на светот.
Шест минути пред крајот, Мбапе се најде во улога на асистент, а играчот на Баерн, Олисе, го потврди триумфот на Франција.
По големата грешка во одбраната на Германија, играчот на Реал направи брз пробив, а потоа несебично му асистираше на Олисе кој ја погоди празната мрежа.
За титулата во Лигата на нации, вечерва од 21 часот ќе играат Шпанија и Португалија.
Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.