Контакт

Македонија

Муслиманите во Македонија незадоволни од челниците на ИВЗ

Објавено пред

Муслиманите со голема доверба во Исламската верска заедница, но незадоволни од челните луѓе во организацијата, е заклучокот од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики

dobivaj vesti na viber

Мнозинството  муслимани  во  Македонија,  77,6 отсто,  имаат  доверба  во  Исламската  верска  заедница.  Процентот  кој  немаат  доверба  е  22 проценти,  а  само  0,4 отсто од  муслиманите  не  можат  да  дадат  оцена.  Ова  се  резултати  од  истражувањето  за  довербата  во  ИВЗ  кое  го спроведе Центарот за истражување и креирање политики, во периодот 28, 29 и 30 август 2010 г., на примерок од 716 испитаници. Истражувањето утврдило дека високиот процент на доверба во ИВЗ (77,6 отсто) не значи и  доверба  во  раководните  органи.  На  прашањето „Дали  мислите  дека  со  ИВЗ  треба  да  раководи  сегашниот  претседател?“,  само  32,2 отсто  од  муслиманските  верници  во Македонија  одговориле  со  Да,  додека  35,5 отсто  од  нив  сметаат  дека  тој  не  треба  да раководи со оваа институција. По ова прашање немаат став 32,3 проценти од испитаниците. Кога станува збор за прашањето „Дали мислите дека со Исламскат авереска заедница треба да раководи сегашниот рпетседател?“, според етничката структура на испитаниците кај Албанците 31,1 отсто одговориле потврдно, 35,6 негативно, а со „не знам“ одговориле 33,3 отсто. Кај Македонците интересно е што 50 проценти се изјасниле на истото прашање со „Да“ и исто толку проценти со „не знам“.Испитаните Турци 46,8 отсто го поддржуват сулејман реџепи на чело на ИВЗ, 28,1 отсто не го поддржуваат а 25,1 отсто немале одговор. Ромите, пак, се поделени по 50 посто за поддршка и против Реџепи. Во бошњачката заедница 33,4 отсто имаат доверба во актуелниот претседател на ИВЗ а 66,6 отсто немаат доверба во него.И довербата на муфтиите беше дел од истражувањето. На прашањето „Дали имате доверба во муфтиите во вашиот град?“, 43,4 отсто од муслиманите одговориле со „Да“,  додека со  „Не“ одговориле  27,8 проценти. Другите 28,8 отсто  испитаници,  немале  мислење  или  не  ги познаваат  муфтиите.  На  прашањето „Дали  треба  да  раководи  сегашниот  муфтија?“, поголемиот дел, или 31,7 отсто, одговориле дека немаат мислење или со не го познавам а 25,7 проценти со „Не“, што заедно сочинуваат 57,6 отсто, додека 42.4 проценти одговориле со „Да“.  Голем дел од испитаниците сметаат дека ИВЗ не работи транспаретно. Збирот на граѓаните коишто одговориле со „Не“ (33 отсто) и со „Не можам да проценам“ (25 отсто) прави 58 проценти од граѓаните да имаат негативен одговор за  работата на оваа инситуција. Само 42 отсто сметаат дека ИВЗ работи транспарентно. Натаму во анкетата е даден преглед на довербата на оваа институција по градови низ Македонија. Речиси 70  отсто од  муслиманите во Скопје имаат доверба во Исламската  верска заедница, додека другите 30 отсто немаат доверба во оваа институција. На  прашањето „Дали со оваа институција треба да раководи сегашниот претседател, со „Да“ одговориле само 17 отсто од скопските муслимани, додека со „Не“ одговориле 50 отсто а другите 3 проценти го дале одговорпт „не знам“ и „не можам да проценам“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Објавено пред

Од

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан.

dobivaj vesti na viber

„На средбата беше реафирмирано високото ниво на партнерство меѓу двете држави, што се основа на пријателство, заемна доверба и почит. Претседателката изрази уверување за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателката упати покана за официјална посета на претседателот Пармелан“, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Таа се заблагодарила за проектната помош во различни области, со што Швајцарија е меѓу најголемите билатерални донатори во нашата држава.

Посочила на важноста на поддршката што Швајцарија ја дава за стратешките определби на нашата држава, што според неа ја демонстрира швајцарската посветеност за стабилност, развој и европска иднина на нашиот регион.

Соговорниците го споделиле мислењето за важноста на бројната македонска заедница во Швајцарија како важна нишка во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателката повикала на натамошно интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, вклучително и зголемување на швајцарските директни инвестиции.

Сиљановска-Давкова изразила сочувство за трагедијата во ноќниот клуб во Кран Монтана на новогодишната ноќ и загубата на човечки животи, како ужасен потсетник на трагедијата во Кочани, што остави трајни рани во македонското општество.

Двајцата претседатели размениле мислења и за актуелните случувања на глобален план.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Објавено пред

Од

Времето утре ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информира УХМР.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на утрешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот – глумец контра правата на културните работници, велат од Левицата

Објавено пред

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, реагираат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.

За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10 проценти, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го суспендираше..

За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид декана културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги“.

Ароганцијата, додават од оваа партија, оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа, како што велат, на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. „

Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.

Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување“.

Левица го повикува министерот, како што истакнуваат, да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија2 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија3 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија5 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион6 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија6 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија7 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет10 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа10 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет11 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа11 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет12 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет12 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија12 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...