Свет
Пентагон ќе се преиспитува за орален секс и сoдомија
Главниот правен советник на Пентагон изјави дека деветмесечното истражување за хомосексуалците во војската на САД најверојатно ќе се прошири и на преиспитување на правилата за орален секс и сoдомија, пренесува Асошиејтед прес
Единствениот законик за воено правосудство забранува сoдомија и орален секс, дури и меѓу возрасни и брачни партнери. Главниот правен советник на воената команда на американката војска Џех Џонсон, кој е еден од водачите на истражувањето за сегашната политика на војската во однос на хомосексуалците, изјави дека планира да ги преиспира сите сексуални аспекти на воениот законик. Истражувањето е под името „Не прашувај, не говори“.На прашање на демократскиот конгресмен од Арканзас, Вик Снидер, дали ревизијата ќе се прошири и на сoдомијата и оралниот секс, Џонсон одговора потврдно. Џонсон во средната сведочеше на сослушувањето пред Одборот за вооружени сили на Претставничкиот дом во Конгресот.Пентагон минатиот месец ја поддржа кампањата за промена на политиката „не прашувај, не говори“. Поддршката стигна од двајца високи претставници на министерството за одбрана кои на сослушување пред Сенатот го подржаа планот на американскиот претседател Барак Обама за укинување на контроверзната политика кон хомосексуалците во војската позната меѓу војниците „не прашувај, не говори“.Сведочејќи пред сенатскиот Одбор за вооружени сили, заповедникот на здружениот стожер адмиралот Мик Мулен, оцени дека “вистинската работа што треба да се направи“ е укинувањето на политиката која бара од хомосексуалците да ја кријат својата сексуална определба. Мулен изјави дека е особено вознемирен од ваквата политика, но дека овие негови мислења се лични и дека говори само од свое име.Од друга страна, високи претставници на Пентагон пак сметат дека укинувањата на ваквата посебна политика кон хомосексуалците може да предизвика проблеми во моралот на војниците, особено на боиште. Тие се залагаат за поинаква интеграција на хомосексуалците во војската која би траела со години.Поддршка на планот на Обама даде и министерот за одбрана Роберт Гејтс.“Во целост ја подржувам одлуката на претседателот. Прашањето не е дали војската треба да ги спроведе ваквите измени, туку како да се подготви за нив“, изјави Гејтс минатиот месец.Потоа формира работна група за да ги истражува различните аспекти на проблемот. Од таа група, деновиве произлегоа и предлозите за полиберален пристап и кон оралниот секс и сoдомијата. Работната група своите конечни предлози треба да ги даде во рок од 45 дена, кој истекува кон крајот на месецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во лизгањето на земјиштето во Индонезија 25 луѓе го загубија животот
Спасувачите денеска ги прекинаа операциите за пребарување на жртвите во лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако беа пронајдени 14 тела на вториот ден од операциите, со што вкупниот број потврдени жртви достигна 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник.
Обилните дождови што почнаа еден ден претходно предизвикаа лизгање на земјиштето вчера изутрината во близина на село во округот Западен Бандунг.
Официјални претставници изјавија дека до 80 лица се уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа евакуирани до 16 часот во центарот за идентификација на жртвите од катастрофата. Подоцна во текот на денот, спасувачките операции беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи условите на теренот во погодената област останаа нестабилни и постоеше ризик од понатамошно лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг.
Лизгањето на земјиштето често се случува во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планински области на Јава, најнаселениот остров во земјата, пренесе ДПА.
Свет
Зеленски побара од сојузниците повеќе муниција за одбрана на Укаина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми.
Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
Свет
Поради снежно невреме повеќе од 700.000 домови во САД останаа без струја
Снежно невреме го погоди поголемиот дел од САД, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, додека влошување на временските услови се очекува и во областите на Њујорк, Филаделфија и Вашингтон.
Најтешко погодени се државите Мисисипи, Луизијана и Тексас, каде што околу 730.000 домаќинства останаа без струја, а се проценува дека дури 190 милиони луѓе се изложени на ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.
Невремето зафати површина од околу 3.000 километри, од Ново Мексико до Мејн, а во неколку држави е прогласена вонредна состојба. Снежните врнежи и мразот предизвикаа големи проблеми во сообраќајот, затворање на патиштата и откажување на илјадници летови.
Властите ги повикуваат граѓаните да останат дома, додека центри за затоплување на населението се отворени во Њујорк и Вашингтон.

