Економија
„Јапан Ерлајнс“ ќе отпушти 16.000 вработени

Јапонскиот авиопревозник „Јапан Ерлајнс“ (Japan Airlines) го претстави новиот план за реконструирање, со кој имаат намера да го намалат бројот на вработени за повеќе од 16.000, пренесе BBC.
Јапонскиот авиопревозник „Јапан Ерлајнс“ (Japan Airlines) го претстави новиот план за реконструирање, со кој имаат намера да го намалат бројот на вработени за повеќе од 16.000, пренесе BBC.
Дел од работниците ќе заминат во предвремена пензија, а поединци ќе останат да работат во деловите на компанијата кои ќе бидат продадени.
Во план е и укинување на непрофитабилните домашни и странски авио – линии, како и намалување на бројот на авиони за 103.
„Јапан Ерлајнс“ работи во составот на алијансата која ја сочинуваат и “Американ Ерлајнс“ и Бритиш Ервејс, и како и другите авиопревозници , компанијата е тешко погодена со намалувањето на бројот на патници во време на глобалната економска криза.
„Јапан Ерлајнс“на 19. јануари годинава прогласи банкрот поради долг од над 25 милијарди долари, а новите промени се во склад со примањето на финансиска помош од државата. /крај/BBC/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи
Волстрит падна – ни САД ни Кина не попуштаат

На Волстрит цените на акциите нагло паднаа, губејќи дел од добивките од претходниот ден, бидејќи царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг не покажува крај.
Индексот Dow Jones падна за 2,50 отсто, на 39.593 поени, додека S&P 500 потона за 3,46 отсто, на 5.268 поени, а индексот Nasdaq за 4,31 отсто, на 16.387 поени.
Така, индексите загубија дел од добивките од претходниот ден, кога S&P 500 скокна за историски 9,5 отсто, а Nasdaq повеќе од 12 отсто.
По големите промени во последниве денови, S&P 500 сè уште е во пад од околу 7 отсто од средината на минатата недела, кога американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни, реципрочни царини за американскиот увоз.
Откако Трамп во средата ја одложи примената на тие царини за 90 дена, многу земји вчера изјавија дека се подготвени да преговараат. Меѓу другите и Европската унија, која ги одложи своите контрамерки против царините на Трамп.
Но, царинската војна меѓу Вашингтон и Пекинг продолжува бидејќи Трамп ја зголеми вкупната царинска стапка за увоз на кинески стоки на 145 отсто, 125 отсто реципрочни царини и претходните 20 отсто поврзани со кризата со фентанил.
Кина, пак, од вчера применува царина од 84 отсто за увоз на американски стоки, покрај претходните 20 отсто на одредена група производи и вели дека нема да отстапи.
„Тешко е за инвеститорите да одлучат да купат акции со ваква нестабилност и неизвесност. Тие се загрижени за тарифите бидејќи е тешко да се процени како тоа ќе влијае на економиите“, рече Пол Нолте, аналитичар во Марфи и Силвест.
Затоа инвеститорите вчера не ги охрабрија подобрите од очекуваните податоци за ублажувањето на инфлацијата во САД во март. Се проценува дека инфлацијата најверојатно ќе се зголеми во наредните месеци поради воведувањето царини, додека челниците на американската централна банка велат дека нема да брзаат со намалување на каматните стапки, туку чекаат податоци кои ќе покажат како царините влијаеле на економскиот раст и на инфлацијата.
На европските берзи вчера пораснаа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 3,04 отсто, на 7.913 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 4,53 отсто, на 20.562 поени, а париски CAC зајакна 3,83 отсто, на 7.126 поени.
Економија
Тесла повеќе не прифаќа нарачки за два луксузни модели во Кина

Американскиот производител на електрични возила Tesla престана да прима нови нарачки за своите луксузни модели Model S и Model X на кинескиот пазар.
Според податоците што денеска ги објави Ројтерс, нарачките за овие два увезени модели веќе не се достапни преку официјалната кинеска веб-страница на Tesla или преку мини програмата на платформата WeChat. Компанијата Tesla се уште не ги коментирала причините за оваа одлука.
Оваа одлука доаѓа по слични потези во други азиски земји. На пример, Tesla Japan објави дека од 31 март 2025 година ќе престане да прима нови нарачки за моделите S и X, што се толкува како подготовка за претстојните, понови верзии на овие возила.
Се очекува новите модели да ги поддржуваат двете конфигурации на воланот, благодарение на воведувањето на технологијата Steer-by-Wire, која овозможува поголема флексибилност во производството и дистрибуцијата.
Во минатото, Tesla веќе ги суспендираше нарачките за Model S и X надвор од Северна Америка, со цел да се фокусира на испорака на постоечки нарачки и подготовка за поновите верзии на возилата. Овие исклучувања често беа поврзани со планираните технички надградби и прилагодувања на производните линии.
Економија
Андоновски: Објавен првиот повик во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа” за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции.
Андоновски соопшти дека Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.
Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма
„Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата“, рече Андоновски.
Сите заинтересирани страни е потребно да испрат елаборат до министерството со потребните податоци кои се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата [email protected], најдоцна до 03.05.2025 година.
„Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.” додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски