Свет
Ирак протестираше поради навлегувањето на ирански трупи
Ирачките власти упатија протест до официјален Техеран поради навлегувањето на иранските воени сили во северниот дел на земјата, претежно населен со Курдско население.
Ирачките власти упатија протест до официјален Техеран поради навлегувањето на иранските воени сили во северниот дел на земјата, претежно населен со Курдско население.
Се претпоставува дека целта на навлегувањето на иранските сили преку преминот Пердануз е поради потерата по курдски бунтовници.
Официјалниот протест на властите во Багдад доаѓа во време кога иранските трупи сеуште се присустни на ирачка територија. /крај/ап/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
На Американците им здодеа политиката, сè помалку ги следат вестите
Податоците за гледаноста на телевизијата, како и новата анкета на Асошиетед прес и Американскиот центар за истражување на јавното мислење (NORC), покажуваат дека околу две третини од полнолентите Американци велат дека неодамна почувствувале потреба да го ограничатследењето на вести за владата и политиката поради преоптовареност нпренесува Гласот на Америка.
Помал е процентот на Американци кои го ограничиле своето следење на вестите за конфликти во другите делови на светот, економијата или климатските промени, според истражувањето.
Истражувањето, спроведено на почетокот на декември, покажа дека околу седум од 10 демократи велат дека помалку ќе следат политички вести, а процентот не е толку висок за републиканците. Сепак, околу шест од 10 републиканци посочија дека и тие чувствуваат потреба да направат пауза, а процентот е сличен и кај независните гласачи.
Разликите се многу поголеми кога станува збор за телевизиските мрежи кои се преокупирани со политички вести. По изборната ноќ, на 5 ноември, до 13 декември, гледаноста на MSNBC во ударниот термин била во просек за 54 отсто помала во однос на предизборниот период годинава, велат од компанијата „Нилсен“.
Во истиот временски период, просечната гледаност на CNN падна за 45 отсто. На каналот „Фокс њуз“, омилената информативна мрежа на поддржувачите на Трамп, постизборниот просек од 2,68 милиони гледачи е за 13 отсто поголем, покажуваат податоците на компанијата „Нилсен“.
Анкетата покажа и дека Американците генерално сакаат јавните личности помалку да зборуваат за политика, пренесува Танјуг.
По изборната кампања, во која гласовите на познатите личности како Тејлор Свифт дојдоа до израз, истражувањата покажаа дека Американците не одобруваат почесто отколку кога познати личности, големи компании и професионални спортисти да зборуваат за политика, пишува Гласот на Америка. Во истражувањето спроведено од 5 до 9 декември учествувале 1.251 возрасни лица.
РЕ-Балканкан
Се роди бебе во такси во Црна Гора
Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.
Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.
„И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето“, потврдија во болницата во Никшиќ.
Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.
Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.
Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.
Свет
Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна
Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува Танјуг.
„Скапо е да се бориш против Америка. Директен конфликт очигледно би ескалирал во глобална нуклеарна војна“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Во публикацијата тој исто така изрази уверување дека Русија и САД дефинитивно нема да станат пријатели во следниот век и дека по завршувањето на хибридната војна на Западот против Русија, Руската Федерација „може да ги игнорира Обединетите држави“, наведува агенцијата.