Контакт

Спорт

Викиликс: Мафија раководи со бугарскиот фудбал

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Според Викиликс кој се потпира на телеграма испратена од Американската амбасада во Софија, со бугарскиот фудбал управува мафија.„Општо е мислењето дека бугарските клубови ги користат особи кои се бават со организиран криминал, за да стекнат легитимитет, да ги исперат парите и набрзина да заработат“, се вели во извештајот. Порано клубовите биле општествени, полициски или војни, а сега се продадени на елита блиска со организираниот криминал. За скоро сите клубови се тврди дека се во рацете на криминалци, Левски, ЦСКА, Литекс, Ловеч, Славија, Черно Море, Варна, Локомотива од Софија и Локомотива од Пловдив.Во декември минатата година бугарските надлежни служби започнаа истрага за осум мечеви за кои се сомнева местење на резултатот и во кои се замешани 11 клубови, а врз основа на сомнежи кои ги поттикна УЕФА. крај/макфакс/м.н.Copyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лукман се покаја, Јуриќ го врати во тимот

Објавено пред

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела.

dobivaj vesti na viber

„Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ќе започне или ќе влезе подоцна“, рече тренерот Иван Јуриќ на прес-конференцијата.

Лукман се врати на тренинзите со првиот тим во четврток, еден ден откако Аталанта загуби од Пари Сен Жермен (0:4) во Лигата на шампионите.

Нигерискиот репрезентативец (27) е под договор до 2027 година, а Интер понуди повеќе од 40 милиони евра ова лето, што клубот од Бергамо го одби.

Потоа Лукман одби да се приклучи на подготовките и беше дисциплиниран. Откако пристигна во Аталанта во 2022 година, тој постигна 52 гола на 118 натпревари во сите натпреварувања.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Мијатовиќ во жестока пресметка со навивачите на Партизан

Објавено пред

Предраг Мијатовиќ, претседателот на ФК Партизан, влезе во жестока вербална расправија со навивачите на за време на 177-то „вечно“ дерби.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент од натпреварот, во кој неговиот тим на крајот беше поразен (2:1), Мијатовиќ се навали преку оградата од ложата и почна да се расправа со луѓето собрани на западната трибина.

Не требаше долго време видеото, кое го прикажува Мијатовиќ како се расправа преку ложата брзо да се прошири на социјалните мрежи.

Ситуацијата толку ескалираше што на крајот, другите собрани од ложата мораа да го смират и да го тргнат од видното поле на собраните подолу.

Иако не е познато што точно го предизвикало овој инцидент, факт е дека постои голема нетрпеливост меѓу навивачите и Мијатовиќ. Повеќето го критикуваат за блиските односи што ги одржува со првиот човек на неговиот најголем ривал, Звездан Терзиќ.

Прикажи повеќе...

Спорт

Федерер и Надал на пат кон сензационално враќање – во план нова турнеја за ветерани

Објавено пред

Роџер Федерер наговести можност за сензационално враќање на тениските терени, а во целата идеја би можел да му се придружи и неговиот долгогодишен ривал и пријател Рафаел Надал. Двајцата великани на спортот размислуваат за учество во нова „сениорска“ турнеја, посветена на пензионирани тенисери, пренесува британскиот Mirror.

dobivaj vesti na viber

Федерер, кој официјално се повлече од тенисот пред речиси три години, остана активен преку тренинзи и појави на социјалните мрежи, што во последно време ја поттикна јавноста да се прашува дали можеби планира враќање.

Оваа недела, 44-годишниот Швајцарец јавно ја поддржа идејата за турнеја со поранешни професионалци, со можност повторно да заигра заедно со Надал – освојувач на 22 Гренд слем титули.

„Да, зошто да не? Го сакам Рафа. Играв четири часа тенис во Сан Франциско и час и половина во Лос Анџелес пред некој ден. Играм многу за да останам во форма. Знам дека и Рафа е отворен за играње тенис“, рече Федерер.

Иако во шега изјави дека „сениорска турнеја звучи ужасно“, тој предложи интересен концепт:

„Можеби би можеле да создадеме нешто свое – федерална турнеја. Би било одлично.“

Идејата за обединување на тениските легенди повторно на теренот ги возбуди фановите ширум светот и отвори ново поглавје во приказната на Федерер и Надал – едно од најголемите спортски ривалства во историјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија1 час

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија1 час

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија2 часа

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија2 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија3 часа

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет4 часа

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија22 часа

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија1 ден

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија1 ден

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија1 ден

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет1 ден

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет1 ден

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет1 ден

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет1 ден

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет1 ден

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет1 ден

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...