Црна хроника
Поднесен обвинителен акт за 11 лица во предметот познат како „Удар”
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт, како и предлог за продолжување на мерките притвор, куќен притвор и за определување на мерки на претпазливост против 11 лица, обвинети за криумчарење мигранти, лосторничко здружување, лихварство и друго.
Со обвинението, лицето Д.А. првообвинет се товари дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување”, кривично дело „Изнуда”, кривично дело „Лихварство“ кривично дело „Криумчарење мигранти” и кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти”.Лицата Н.И., С.И., Б.И. и Ш.И. се обвинети дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување”, „Изнуда” и „Лихварство”..На обвинетите А.А., Н.А, С.М., Г.И. и Џ.И. им се става на товар дека сториле кривично дело –„Криумчарење мигранти” и кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти”.Единаесетиот осомничен М.С. е обвинет за сторено кривично дело – „Злосторничко здружување” и кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување”.Имено, првообвинетите Д.А. и Н.И. во почетокот на 2014 година создале група за вршење на кривични дела лихварство и изнуда, на која се придружиле С.И., Б.И. и Ш.И. Во рамките на групата секој од обвинетите имал определена улога во спроведувањето на криминалниот план и извршувањето на криминалните активности организирани и координирани од првообвинетите. Групата неовластено се занимавала со давање пари на заем со усмен договор, при што искористувајќи ја тешката имотна состојба, нуждата и лекомисленоста на оштетените, обвинетите договарале несразмерна имотна корист со намера да прибават противправна имотна корист за себе. Групата со сила и сериозна закана ги присилувала оштетените да сторат дејствија на штета на својот имот.Првообвинетиот Д.А. со цел да прибави имотна корист, со неговите синови А.А. и Н.А. создале група за вршење кривично дело криумчарење мигранти, при што од мај до октомври 2015 година, обвинетите по претходен договор ги прифаќале мигрантите во повеќе наврати откако ќе влезеле на територијата на Република Македонија и ги превезувале со товарни и патнички моторни возила до договорената локација.Во текот на 2015 година првообвинетиот Д.А. создал уште една група за вршење на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување”, во која прифаќајќи го криминалниот план станале припадници обвинетиот М.С. и НН лице. Првообвинетиот ги организирал, договарал и координирал криминалните активности на обвинетиот М.С. и НН лицето, а тие ги извршувале. Во својство на службено лице М.С, искористувајќи ја својата службена положба и овластување ги пречекорил границите на своето службено овластување и притоа за себе прибавил противправна имотна корист во износ од 19.000 евра.Надлежниот обвинител предложи oпределената мерка притвор да биде продолжена за обвинетите Н.И., С.И, Б.И., Ш.И., А.А. и Н.А., како и мерката куќен притвор за Д.А.Исто така, надлежниот обвинител предложи да се определат мерки на претпазливост за М.С. и тоа забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело од причина што постои основано сомнение дека обвинетиот доколку и понатаму ја извршува функцијата, би можел да превзема определени дејствија злоупотребувајќи ја својата положба и барајќи логистичка поддршка од одредени лица, а се со цел негово ослободување од кривична одговорност за кривичните дела што му се ставаат на товар, со што би го попречувал и водењето на кривичната постапка.За останатите С.М., Г.И. и Џ.И. остануваат определените мерки за претпазливост./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

