Спорт
Јунајтед со победа го отвори новото првенство
Манчестер Јунајтед и Њукасл го комплетираа првото коло во Премиерлигата на Англија.
Манчестер Јунајтед и Њукасл го комплетираа првото коло во Премиерлигата на Англија. Вицепрвакот од минатата сезона, екипата на Манчестер Јунајтед, без поголеми проблеми стигна до првите бодови во новото првенство. На домашен терен, во победата од 3:0 стрелци на головите за „црвените ѓаволи“ беа Бербатов, Флечер и Гигс. Јунајтед со оваа победа се приклучи на групата од пет екипи, кои новото првенство го започнаа со победа. Во следното коло Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Фулам, Њукалс ќе ја пречека екипата на Астон Вила.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Страшен меч во Виљареал, Сорлот му даде четири гола на Реал
Во претпоследното коло од шпанската Ла Лига, спектакуларен натпревар одиграа Виљареал и Реал Мадрид. На крајот немаше победник (4:4) и покрај тоа што на полувреме Реал имаше предност 1:4.
Натпреварот го одбележа норвешкиот напаѓач Александар Сорлот кој постигна четири гола, но навивачите на жолтата подморница немаат премногу причини за задоволство, бидејќи останаа без шанси да изборат место во европските купови.
Првото полувреме го одбележа доминацијата на гостите, Арда Гулер го доведе кралскиот клуб во водство во 14. минута, а Хоселу во 30. минута го зголеми водството. Девет минути подоцна Сорлот ја намали негативата, но до крајот на првото полувреме Лукас Васкез и Гулер со вториот гол му донесоа предност на Реал од 4:1.
Во вториот дел шоуо на Сорлот. Норвежанецот погоди во 48., 52. и 56. минута и го изедначи резултатот. Норвежанецот дојде до 26 гол сезонава, односно 23. до во Примера, два повеќе од Артем Добик од Џирона.
Сорлот сега е најсериозниот кандидат за трофејот Пичичи, кој го добива најдобриот стрелец во лигата.
Спорт
Зврев го освои Мастерсот во Рим
Александар Зверев ја освои титулата на Мастерсот во Рим.
По голема борба и 103 минути игра, тенисерот на Хамбург го совлада Чилеанецот Николас Џари со 6:4, 7:5.
Зверев втор пат во кариерата победи во „вечниот град“, првата титула во Рим ја освои на 17-годишна возарст во 2017 година. Ова прв трофеј на турнирите од Мастерс серијата за Зверев од 2021 година, кога победи во Синсинати.
Зверев одигра изворендо во финалето, најдобар показател за ова е податокот дека во финалето загуби само поени на свој сервис.
Спорт
(Видео) Сити ја одбрани титулата, Клоп се прости од Ливерпул, Матета со покер голови ја уништи Астон Вила
Манчестер сити испиша историја во Премиер лигата, стана првиот тим со четири шампионски титули во низа. Во последното коло, предводени од играчот на сезоната, Фил Фоден, Сити го победи Вест Хем. Последното коло во сезоната 2023/2024 беше последно за Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. „Црвените“ му подарија победа во прошталниот натпревар над Вулверхемптон. Голгетерски колото го обележа напаѓачот на Кристал Палас, Матета, со четири гола во победата над Астон Вила (5:0).
Место во Лигата на шампионите наредната сезона изборија Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул и Астон Вила, во Лига Европа сигурен е Тотенхем. Челси сезоната ја заврши на шестото место и го чека расплетот во финалето на ФА купот. Доколку победи Сити, Челси ќе игра во Лига Европа, а во случај Јунајтед да го освои ФА купот тогаш „црвените ѓаволи“ ќе играа во Лига Европа, а Челси оди во Конферециската лига.
Од Премиер лигата испаднаа Шефилд јунајтед, Барнли и Лутон. Нови членови на Премиер лигата се Лестер и Испвич, а третиот тим ќе биде познат откако финалето во баражот ќе го одиграат Лидс и Саутемптон.
Резултати, 38. коло:
Манчестер сити-Вест Хем 3:1
Арсенал-Евертон 2:1
Кристал Палас-Астон Вила 5:0
Брајтон-Манчестер јунајтед 0:2
Барнли-Нотингем Форест 1:2
Шефилд јунајтед-Тотенхем 0:3
Лутон-Фулам 2:4
Брентфорд-Њукасл 2:4
Челси-Борнмут 2:1
Ливерпул-Вулверхемптон 2:0