Регион
Курдскиот лидер Оџалан со „историски апел" од затвор ќе бара мир
Затворениот историски лидер на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) најави дека во четврток ќе упати „историски апел” за мир што ги зголемува надежите дека ќе биде постигнат прекин на огнот кој би придонел да заврши 28-годишниот судир меѓу курдските сепаратисти и турските безбедносни сили во кој загинаа повеќе од 40 илјади луѓе, а штети претрпе и економијата.
Челникот на курдската Партија на мирот и демократијата Салахатин Демиртас, пратеник во парламентот на Турција, го посетил Абдулах Оџалан во затворот на островот Имрали, а по средбата ја пренел неговата порака која гласи „Сакаме што поскоро да го решиме проблемот на оружјето, повеќе да не се губи време ниту животи”. Оџалан со тоа ја побарал поддршката на парламентот и политичките партии за да се постигне траен мир.
„Соопштението коешто го подготвувам ќе претставува историски повик. Ќе содржи задоволувачки информации за воената и политичката димензија на решението”, најавил Оџалан.
Примирја меѓу курдските бунтовници и турските власти и претходно беа договарани и кршени., но првпат Оџалан и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган отворено зборуваат за разговори за сеопфатно решение. Ердоган направил повеќе отстапки во врска со културните и јазичните права. PKK првично бараше независна курдска држава во југоисточниот дел од Турција, но сега нивните барања се толкуваат како поумерени и се однесуваат на широка политичка и културна автономија.
Работничката партија на Курдистан (PKK) чиј еден од основачите и историски челници е Оџалан, е ставена на истата терористички организации на Турција, Европската унија и САД, но официјална анкара во октомври 2012 година започна преговори со Оџалан поради смирување на судирите, бидејќи од изминатото лето беше регистрирана зајакнување на герилските акции и масовни пасења на курдските активисти.
Абдулах Оџалан затворениот челник на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) во затворот на острови Имрали во Мраморното Море јужно од Истанбул, се наоѓа во изолација откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот Имрали во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување.
Меѓутоа, Оџалан од октомври 2012 година води преговори чијашто цел е ставање крај на 28-годишните судири меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници во кои загинаа повеќе од 40 илјади луѓе.
Во согласност со планот, на кој PKK би требала да одговори набрзо, бунтовниците официјалниот прекин на огнот би требало да започнат да го применуваат од 21-ви март, кога се прославува курдската Нова година, а тоа според пишувањето на турските медиуми може да го следи и наредба PKK да ги повлече своите герилци од територија на Турција во нејзините бази во северен Ирак.
Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија би требало да заврши на 15-ти август. Наведениот датум зависи од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

