Спорт
Шпански медиуми: Барселона е најдобриот тим на сите времиња

Победата на Барселона над Сантос од 4:0, во финалето на Светското клупско првенство, денеска е топ тема во пишаните медиуми во Шпанија.
Победата на Барселона над Сантос од 4:0, во финалето на Светското клупско првенство, денеска е топ тема во пишаните медиуми во Шпанија. Во спортскиот дневник од Барселона „Ас“, доминира насловот „Ла Масија владее со светот“, а во продолжение на текстот детално се опишува егзибицијата на Барса, дека Меси го „уништил“ Нејмар и дека Чави бил вистински диригент во средниот ред. Авторот на текстот напишал дека играчите на Сантос за време на натпреварот делувале како да се прашуваат „како да го сопреме ова крварење“. Пофални зборови за барселона не штеди ниту „Марка“ весник близок до лутиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид. Новинарите на овој весник го поставуваат прашањето „Дали е ова најдобриот тим на сите времиња?“. Потоа новинарите на „Марка“ појаснуваат дека ниту еден клуб не освоил толку многу трофеи за толку кусо време, 13 пехари за три години. Поставеноста на играта, Меси и средниот ред на тимот се заштитен знак на оваа Барселона, која од клупата ја преводи Пеп Гвардиола. Дека овој тим ќе биде запаметен признава и претседателот на „блауграна“ Сандро Росел, за „Ел Паис“ тој вели: „Историјата на фудбалот е долга, но овој тим ќе остане запаметен, како и оној тим кој покрена револуција во традиционалниот фудбал“. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.