Контакт

Македонија

Словачка ќе додели грант за 20 студенти од Македонија

Објавено пред

Словачка ќе обезбеди грант за 20 студенти од Македонија, во рамките на својата нова програма за стипендирање на странските студенти на сите три циклуси на сите три циклуси на Универзитетите во Словачка

dobivaj vesti na viber

Словачка ќе обезбеди грант за 20 студенти од Македонија, во рамките на својата нова програма  за стипендирање на странските студенти на сите три циклуси на сите три циклуси на Универзитетите во Словачка.

Грантот опфаќа бесплатно изучување на словачкиот јазик со подготовки за полагање на квалификационите испити за упис на универзитетите во Словачка.

Предност се дава на кандидати за студирање во областите од земјоделие, технички науки, технологија и ИТ технологии.

Студентите ќе ги продолжат студиите под исти услови кои важат за словачките граѓани, бесплатна школарина, само трошоци за сместување и храна во студентски дом.

Претставници на двете министерства за образование, на Македонија и Словачка го усогласија текстот на Програмата за соработка за периодот 2010-2014. Во преамбулата стои уставното име на Република Македонија.

Програмата ги утврдува формите и условите за соработка во областа на образованието и науката помеѓу двете земји со посебен акцент на размената на студенти и научни работници.

На новинарско прашање за зголемувањето на паралелките за албанските ученици во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ , министерот за образование вели дека тоа се должи на големата заинтересираност на албанските ученици за оваа струка .

Учениците Албанци со новиот конкурс за упис, годинава добија шест паралелки во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов “, и уште шест паралелки во средните училишта „Зефљуш Марку“ и „Марија Кири “. /крај/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Тошковски: Државата има тотално нефункционален систем, кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски истакна дека државата има тотално нефункционален систем кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави и дека е потребно креирање на функционален систем преку создавање на квалитетна законска легислатива.

dobivaj vesti na viber

-Освен ад хок решенија, да создадеме систем кој ќе биде функционален и да одговори на овие состојби. Ангажирани се странски експерти кои со нивното искуство ќе помогнат во насока на збивање на редовите во Македонија, што значи дека идејата на Владата за спојување на одредени институции, најверојатно ќе треба да се имплементира најскоро што може, да се создаде законска легислатива и понатаму да одговориме сериозно како што и доликува на една држава, истакна министерот Панче Тошковски.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од седницата на упрвувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи, со која раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа и Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, министерот за одбрана Владо Мисајловски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами, како и директори и претставници на АД Водостопанство, УХМР, Национални шуми, беа дискутирани предлозите за времено унапредување на кризниот менаџмент во делот на справување со било какви кризи, и елементарни непогоди.

Прикажи повеќе...

Македонија

​Ѓорѓиевски: Централната и локална власт мораат да дејствуваат заедно за ефикасен кризен менаџмент

Објавено пред

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од седницата на упрвувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи, со која раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа и Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, министерот за одбрана Владо Мисајловски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами, како и директори и претставници на АД Водостопанство, УХМР, Национални шуми, беа дискутирани предлозите за времено унапредување на кризниот менаџмент во делот на справување со било какви кризи, и елементарни непогоди.

dobivaj vesti na viber

– Како Претседател на ЗЕЛС сакам да истакнам дека превенцијата е клучниот елемент за справување со предизвиците и дека само со заедничка посветеност, централната и локалната власт можат да изградат систем кој ќе биде подготвен да одговори на сите кризи. Како приоритет би ја посочил потребата од реформи во противпожарната заштита и создавање ефикасен и финансиски одржлив систем за заштита и спасување. Сметам дека поради недоволната финансиска поддршка и старите возни паркови на противпожарните единици, функционирањето на општините е отежнато. Од наша страна, ние, како раководство на Општина Кисела Вода, набавивме ново противпожарно возило, кое ќе биде ставено на располагање на противпожарната бригада за подобра ефикасност при интервенции. Обезбедивме и простории за нова противпожарна станица. За жал, иако се направени сите подготовки и адаптации, оваа станица сè уште не е функционална поради причини познати на градоначалничката на Скопје. Дополнително, набавивме мултифункционален багер за расчистување на речните корита, кои често се главната причина за излевање на реките и поплави. Сепак, освен што како градоначалници треба да делуваме посветено секој во својата општина, потребна е и заедничка работа и силна поддршка од централната власт. Во овој момент, со оглед на сето она што се случува во изминатиот период, јас сум голем оптимист околу надминување на голем дел од проблемите токму преку поддршка од централната власт за решавање на системските проблеми и сакам да апелирам на уште поголема соработка која има за цел да обезбеди стабилност и безбедност на нашите граѓани, изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Објавено пред

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Владата три дена го продаваше ова патување како „историски успех“ но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор.

Наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?

Истовремено, бугарските медиуми открија дека зад целата организација стои ПР агенција која овозможува странски политичари да присуствуваат на вакви настани за „да си направат слики“. Тоа значи дека ова не е ниту дипломатски успех, ниту признание, туку обична промоција на Мицкоски платена со пари од народот.

Според првичните проценки, ова патување ја чини државата стотици илјади евра – средства кои можеше да се искористат за реални потреби на граѓаните. На пример, со овие пари можеше да се реконструираат неколку училишта, да се купат 10 нови амбулантни возила за итната помош или да се дадат како поддршка за ранливи групи кои мака мачат со трошоците за живот.

Додека Владата троши на лажен престиж, граѓаните секојдневно се борат со сиромаштијата, со цените кои растат благодарение на Мицкоски и неговиот поданички однос кон трговците, немаат терапија во болниците. Можеби Мицкоски требаше да си го купи новиот авион кој го најавува па со него да оди да се слика во хотели.

Најголемиот срам доаѓа со обидот на Владата ова патување да го продаде како „голем дипломатски успех“. Во домашните медиуми, премиерот се претставува како „единствениот политичар од Балканот“ кој добил покана за инаугурацијата на Трамп. Но, вистината е далеку од тоа – тој беше дел од толпата на митинг и не беше поканет на официјалниот настан. Дипломатијата подразбира средби, резултати и визија за државата. Мицкоски ни понуди само слики за Фејсбук.

Граѓаните заслужуваат транспарентност. Заслужуваат да знаат колку чинеше ова патување и кој го организираше. Заслужуваат да знаат зошто Владата троши пари на вакви спектакли, додека народот едвај врзува крај со крај.

Македонија заслужува лидер кој ќе ја претставува со достоинство, а не турист кој ги користи парите на граѓаните за лажна слава.

Ова не е дипломатија, ова е фарса – и ние сите ја плаќаме цената!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа

Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР...

Македонија3 часа

„’Влен’ не се залага за внуци“: Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството

„Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информираме јавноста за...

Македонија3 часа

Покрај унифицирани регистарски таблички, потребни се и санкции за оние што ги злоупотребуваат службените возила за приватни цели, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП), во август минатата година предложи сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани со иста боја,...

Македонија4 часа

Кичево загадено два дена по ред: се забранува горење на отворено, порепорака за ослободување од работа на ризичните групи

Воведени се мерки во Кичево поради загадувањето на воздухот, откако во изминатите два дена беше надминат прагот на алармирање на суспендирани...

Македонија4 часа

Финансиската полиција поднесе кривична против бизнисмен, го оштетил буџетот на државата за 11 милиони денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител...

Македонија6 часа

„Срамен чин на манипулација со државни пари, Обвинителството да реагира“, бара ДУИ

„Во чин без преседан на манипулација и измама, претставниците на коалиција Вреди повторно покажаа дека суштината на целата коалиција е...

Европа6 часа

(Видео) Зеленски ги критикува европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе...

Свет6 часа

На поздравот на Маск реагира германскиот канцелар, Маск одговори: Срам да ти е, Оаф Шиц

Бројни јавни личности ширум Европа изразија гнев поради гестот на Илон Маск, кој потсетуваше на нацистички поздрав. Додека некои го...

Свет7 часа

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ ​​и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат...

Свет8 часа

Гувернерот на Флорида во официјален документ Мексиканскиот Залив го нарече Американски Залив

Според иницијативата на новиот претседател Доналд Трамп, гувернерот на американската сојузна држава Флорида го нарече Мексиканскиот Залив „Американскиот Залив“ во...

Македонија24 часа

Веднаш по враќањето од Вашингтон, Мицкоски ќе преговара за зголемување на платите на административците што протестираа, вели Трендафилов

Владата ја прифати подадената рака од Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), кој побара...

Економија24 часа

И со намалени цени минималната кошничка за јануари е поголема за 391 денар, за преживување на четворица потребни се 62.861 денар

Вредноста на минималната синдикална кошничка што ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за јануари изнесува 63.252 денара или...

Македонија1 ден

Становите што државата ги гради во Битола ќе се продаваат за 1.000 евра за квадрат

На денешната владина седница донесена е одлука со која становите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор...

Македонија1 ден

Речиси 170 жени годишно заболуваат од рак на грлото на матката во Македонија

Во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173,...

Топ1 ден

Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште

Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во...

Македонија1 ден

Пациентите на Онкологија останаа без биолошката терапија, СДСМ повика итно да бидат преземени мерки

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошката терапија. По тој повод се огласи опозицискиот СДСМ, од каде...

Свет1 ден

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет1 ден

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет1 ден

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва во...

Европа1 ден

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви

Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ....