Контакт

Здравје

Нобеловата награда за медицина за откритие на „GPS системот“ кај човекот

Објавено пред

Годинешната Нобелова награда за медицина и физиологија им припадна на британско-американскиот научник Џон О’Кифи и на норвешките сопружници Меј-Брит и Едвард Мозер, за откритието на клетките во мозокот кои се одговорни за снаоѓањето во просторот, објави во понеделникот во шведската престолнина Стокхолм Нобеловиот комитет при Каролинскиот медицински институт на почетокот од ткн седмица на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за своевиден „GPS систем“ во човековиот мозок кој овозможува да знаеме каде се наоѓаме, како можеме да стигнеме од едно место на друго и како можеме да ги сочуваме тие информации така што ќе можеме да ги активираме веднаш кога следниот пат го минуваме истиот пат. Откритијата на научник Џон О’Кифи и на Меј-Брит и Едвард Мозер ја решија мистеријата како човековиот мозок ја создава мапата на просторот околу него и како може да се движи во сложено окружување.„Откритие го реши проблемот кој ги преокупираше филозофите и научниците со векови. Знаењето за системот со кој мозокот го спознава просторот, оттаму може да помогне во разбирањето на механизмите кои се подлошка за погубното губење на снаоѓањето во просторот што ги погодува лицата со Алцхајмеровата болест“, се вели во образложението на шведскиот Каролински институт за медицина.Во 1971 година, Џон О’Кифи, научник од University College London, го откри првиот елемент од тој систем за ориентација во просторот. Откри нервни клетки во делот од мозокот хипокампус кои секогаш се активираат кога животинчето над кое се врши опитот се наоѓа во одреден дел од просторијата. О’Кифи заклучил дека тие клетки заедно ја создаваат мапата на просторијата. Повеќе од три децении подоцна, во 2005 година,. Меј-Брит и Едвард Мозер, од научниот институт во норвешкиот град Трондхајм, ја открија другата важна компонентна од мозочниот систем за просторна ориентација. Врачната двојка идентификуваше друг вид нервни клетки кои ги нарекоа „решеткасти клетки“ кои создаваат систем од координати и овозможуваат прецизно позиционирање и движење. Инаку, Мозер се петата брачната двојак којашто ја добива Нобеловата награда. Нобеловата награда за медицина и физиологија е првата којашто се доделува секоја година, а во вторник (7-ми октомври) ќе биде соопштен лауреатот на најпрестижното светско научно признание за физика.Церемонијата на доделувањето на наградата објавена во понеделникот кога беа претставени лауреатите, ќе се одржи на 10-ти декември, според традицијата во Стокхолм и на денот на смртта на основачот на Нобелова награда, шведскиот претприемач и пронаоѓач Алфред Нобел (1833-1896). Износот на секоја на Нобеловата награда во 2014 година изнесува осум милиони шведски круни или 1,2 милиони американски долари.Четирите од пет премии се вклучени во тестаментот на Нобел, за физиологија или медицина, физика, хемија и литература, додека признанието за економија, воспоставено во 1968 година во знак на сеќавање на основачот ја доделува Шведската централна банка. Тие се врачуваат во Стокхолм, додека Нобеловата награда за мир, според волјата на основачот, се врачува во Осло./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Објавено пред

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.

dobivaj vesti na viber

Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.

Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.

Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.

Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.

Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.

Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.

Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.

Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.

Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.

Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.

Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.

Прикажи повеќе...

Забава

Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Објавено пред

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.

dobivaj vesti na viber

Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.

Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.

Летно диетално мени

Понеделник:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 интегрален тост со сирење

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко

Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај

Вторник:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед

Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук

Среда:

Појадок: 1 чаша билен чај, тост

Ужина: 1 варено јајце

Ручек: 1 чаша крем супа од печурки

Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал

Четврток:

Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце

Ужина: 1 чаша зелен чај

Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка

Петок:

Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: сезонска зеленчукова салата

Ужина: 30 грама ореви

Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко

Сабота:

Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков

Ужина: 1 шолја зелен чај

Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед

Ужина: 1 јаболко

Вечера: 200 г варен зеленчук

Недела:

Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење

Ужина: 2 варени компири

Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце

Ужина: 1 чаша сок од портокал

Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.

Прикажи повеќе...

Забава

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Објавено пред

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.

dobivaj vesti na viber

Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.

Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.

Состојки:

– 1 лимон

– 60 г магдонос

– 60 мл вода

Подготовка:

Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.

Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.

Ќе забележите резултати по само еден месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Арсовска: Не биди ѓубре, не биди криминалец, не биди Јулијана

Ако се прашувате зошто со месеци и години има проблеми со собирање на комуналниот отпад низ Скопје, одговорот е поради...

Македонија2 часа

Евакуирани првите македонски државјани од Израел

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел,...

Македонија2 часа

МОН го зголемува бројот на ученици во средните стручни училишта

МОН го зголемува бројот на упис на ученици во средните стручни училишта. Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година...

Македонија2 часа

Мицкоски: Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци,...

Македонија15 часа

Уште еден случај на семејно насилно – скопјанец со возило се обидел да ја прегази сопругата, па ја истепал

Уште еден случај на семејно насилство во Скопје, сопруг се обидел да ја прегази сопругата со автомобил, кога не успеал,...

Свет15 часа

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара...

Свет19 часа

Кремљ: Руската понуда сè уште е на маса, но Израел засега не е заинтересиран за мирно решение

Кремљ изјави дека гледа дека Израел не сака посредништво во конфликтот со Иран, кој влегува во својот петти ден по...

Македонија19 часа

40-годишен скопјанец ја истепал мајка си: со тупаници ја удирал по лицето и телото и ја гризел, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна...

Свет20 часа

Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу...

Свет20 часа

Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“

Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој...

Македонија22 часа

Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата, се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство...

Македонија22 часа

(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен...

Македонија22 часа

Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македонскиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од...

Македонија23 часа

„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со...

Македонија23 часа

Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’,...

Македонија24 часа

Бислимоски ќе побара цената на водата да ја одредува РКЕ место советите на општините за да се намали загубата, која сега изнесува 64 отсто

За да се намали загубата на водата за пиење, која на национално ниво во просек изнесува речиси 64 отсто, неопходно...

Македонија1 ден

Седум години од потпишувањето на договорот од Преспа

На денешен ден, 17 јуни, 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа договорот од Преспа, со кој се затвори долгогодишниот...

Свет1 ден

Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови. Висок воен командант најави дека нападите ќе...

Македонија1 ден

Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и во Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтер синоќа по полноќ го погоди Охридскиот Регион. Потресот е регистриран во 00.48...

Македонија2 дена

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...