Надворешна политика
Министерот за образование во дводневна посета на Кралството Норвешка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/Norveska1.jpg)
Делегација од министерството за образование и наука, предводена од министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на покана на Нансен дијалог центарот, се наоѓа во дводневна посета на Кралството Норвешка.
Министерот за образование и наука Адеми во петок го посети Кубен, најголемото и најпознато стручно училиште во Осло, каде одблизу се запозна со наставните планови и програми за работа на ова училиште, како и со образовните политики кои ги презема Кралството Норвешка во однос на оспособување кадри, потребни на стопанството. Токму оваа училиште додели донација за електротехничките кабинети со кои беа опремени училиштето во село Прељубиште, ССОУ „Моша Пијаде“ во Тетово и ССУ „Гостивар“ во Гостивар. За време на посетата на училиштето, директорот и дел од тимот го презентираа капацитетот на училиштето за реализирање на теоретската и практичната настава. Министерот Адеми, за време на посетата на Кубен, го запозна раководството на училиштето со мерките кои ги преземаат Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука, за креирање кадри согласно пазарот на трудот, при што беше контатирано дека ова училиште во иднина може да биде визионерски модел за стручните училишта во Република Македонија.Во текот на денот, министерот Адеми, оствари средба и со поранешниот Висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек, при што разменија искуства и мислења на највисоко политичко ниво, посебно за односите помеѓу Кралството Норвешка и Република Македонија. Министерот Адеми и Болебек разговараа и за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование во Република Македонија, при што и двајцата констатираа дека таа претставува преточување на македонската долгогодишна традиција на заедничко живеење во правна рамка, која претставува пример и за другите мултиетнички држави од регионот.Министерот Адеми во текот на денешниот ден ќе оствари средби и со Хакон Бланкеборг, директор на секторот за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и Торе Хатрем, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.