Македонија
Шлумберже: Ја поддржуваме Грција, но и европската перспектива на Македонија
Франција е солидарна со Грција, но тоа не значи дека е против европската перспектива на Македонија, изјави францускиот амбасадор Жан Клод Шлумберже, коментирајќи документ објавен на Викиликс, според кој, неговата земја пред самитот на НАТО во Букурешт не сакала да изврши притисок врз Атина во спорот со името.Според Шлумберже, нема никаква контрадикција со поддршката за Грција и поддршката, што според него, Франција ја давала на Македонија во евроатлантските интеграции.„Ќе ви одговорам дека нема никаква контрадикција во однос на францускиот став и не треба да се мешаат ниту поддршката што ја даваме и пријателството, и прашањата што се поврзани во однос на спорот со името, затоа што Франција и претседателот Саркози во 2008 година, се сеќавате, зборуваше за европската солидарност со Грција и дека познат и е грчкиот став којшто го блокираше влезот во НАТО поради прашањето со името, но Франција отсекогаш велела дека ја поддржува Македонија во својата евро-атланска перспектива. Тоа беше впрочем мошне јасно повторено од страна на истиот претседател Саркози, кога го прими вашиот премиер Груевски во мај 2009-та година и оттогаш можам лично да посведочам, поради тоа што сум овде една година, дека властите од вашата земја сосема добро го сфатија тој став и многу добро знаат дека постои принципот за солидарност и едногласно одлучување во рамките на Европската Унија“, рече Шлумберже.Прашан за случувања во фирмите регистрирани на ул. „Перо Наков“ бб, Шлумберже не сакајќи, како што рече, да навлегува на домашен политички терен, порача дека нормално е во секоја држава да се спроведува финансиска контрола, но истовремено побара тоа да не се инструментализира во политички контекст.Амбасадорот Шлумберже денеска на универзитетот ФОН одржа предавање на тема „НАТО по Лисабонскиот самит“, на кое во однос на Македонија го повтори заклучокот дека земјата ќе стане дел од Алијансата во оној момент кога ќе се надмине спорот со името со Грција. Истовремено, тој рече дека НАТО може да се вклучи со убедување, но и не со вршење на притисок врз Атина и Скопје за надминување на спорот. Порача дека не треба да се очекува некоја земја членка на ЕУ или на НАТО индивидуално да се вклучи во посредништво во спорот. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

