Спорт
Потонати надежи за Еуро 2011

Русија победи на гостувањето во Скопје и со новите три бода ќе ги дочека пролетните квалификациски мечеви на првото место во нашата квалификациска група, додека македонската селекција ќе презими на претпоследното место
Видовме две сосема различни полувремиња. Во првото Македонија со дефанзивен распоред и состав на играчи сакаше да одржи нерешен резултат, но тактиката им падна во вода по само девет минути игра кога непречен од никого Кержаков прими топка во шеснаесетникот дојде на шест метри од голот и одкосо силно биеше над главата на Нурединовски во мрежата.Зачудува зошто по примениот гол нашиот тим продолжи со иста игра. Резултатот на тоа беше ниту еден упатен удар во рамките на голот, ниту покрај голот во првото полувреме. Русија можеше да ја осигура победата во последната минута од првото полувреме но Зирјаков изгледната позиција не ја реализира, шутирајки право во нозете на нашиот голман.Во второто полувреме со влегувањето на Стевица Ристиќ во игра се промени сликата на теренот. Во 54 минута го видовме првиот удар кон голот на Русија кога се обиде Ѓуровски, што најави една поофанзивна игра. Следуваа шанси на Тричковски, па речиси стопроцентна шанса на Деспотовски и уште една на РистиќВо 72 минута Деспотовски нафрли пред голот на Русија, Ристиќ упати удар со глава, но притоа беше фаулиран. Дотогаш исвиркуваниот судија Јоханесон од Шведска досуди пенал. Наумовски упати удар на истата страна како и кога постигна гол од пенал против Ерменија, Наумоски мораше да биде советуван пред мечот дека Русите сигурно го гледале тој меч и доколку изведе пенал да промени нешто. Од друга страна Дик Адвокат тренерот на Русија ништо не остави на случајот. Акинфеев тргна на вистинската страна и како локум го одбрани ударот на Наумовски.Овој промашен пенал делуваше како студен туш за нашите играчи повеќе од примениот гол, па до крајот не успеаја да изградат шанса за израмнување.Резултати група Б: Македонија – Русија 0:1, Словачка – Ирска 1:1, Ерменија – Андора 4:0 Табела: Русија 9, Ерменија 7, Ирска 7, Словачка 7, Македонија 4, Андора 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ламин Јамал почна да наплаќа за автограм

Ламин Јамал без конкуренција е првата ѕвезда на шпанскиот фудбал, но не се труди многу да ги избегне светлата на големата сцена и реакциите на јавноста.
Јамал се најде во центарот на вниманието со одлуката дека повеќе нема да дава автограми на деца, освен ако не платат за тоа.
Иако и самиот се уште е момче, 18-годишен тинејџер, под изговор на капитализам и најголем можен профит, реши да ангажира специјализирана страница за колекционери преку која ќе го продава својот потпис.
Тој доби понуда, објавува „Мундо Депортиво“, која ја прифати и ништо повеќе нема да биде бесплатно кај него.
Уште повеќе, тој дури нема да дава премногу автограми, бидејќи колку помалку има, толку се повредни и поскапи.
Ова не е ново во светото на спортот, ново е во Европа. Леброн Џејмс и Лионел Меси го прават тоа во САД.
Наводно, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Џејмс, од еден продаден автограм за работува и до 15.000 долар
Спорт
(Видео) Манасков го постигна голот на колото во ЛШ

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, го постигна најубавиот гол во петтото коло, во Лигата на шампионите.
Еурофарм Пелистер, во средата загуби од Барселона во Битола со 30:34. Манасков голот на колото го постигна во последната минута. Тоа беше цепелин, додавање од голманот Митревски, а левото крило на Еурофарм Пелистер погоди од невозможен агол.
Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister
🔥 𝙏𝙊𝙋 5 𝙂𝙊𝘼𝙇𝙎 – Round 5 powered by Gorenje!
1️⃣ Dejan Manaskov – HC Eurofarm Pelister
2️⃣ Mathias Gidsel – Füchse Berlin
3️⃣ Martim Costa – Sporting Clube de Portugal
4️⃣ Lazar Kukic – OTP Bank-PICK Szeged
5️⃣ Felix Claar – SC Magdeburg#ehfcl #CLM #handball pic.twitter.com/ZVZpxxXnmg— EHF Champions League (@ehfcl) October 17, 2025
Спорт
Македонија назадуваше на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 65-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од две места.
Фудбалската репрезентација на Македонија, минатата недела одигра два натпревари во квалификациите за пласман на СП. Двете средби со Белгија и Казахстан завршија 1:1.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Албанија, Република Ирска, Буркина Фасо, Хондурас…
На новата ранг листата на ФИФА има промени во Топ 10. Германија е десетта, а Хрватска испадна од најдобрите 10 во светот.
На врвот е Шпанија, Аргентина ја скокна Франција на второто место, а а Холандија е шеста, пред Бразил.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија