Контакт

Здравје

Фрлање на крст во чест на Водици"

Објавено пред

Големиот православен христијански празник "Богојавление-Водици" и годинава традиционално ќе биде одбележан со фрлање осветени крстови во македонските води по кои ќе скокаат стотици верници.

dobivaj vesti na viber

Големиот православен христијански празник "Богојавление-Водици" и годинава традиционално ќе биде одбележан со фрлање осветени крстови во македонските води по кои ќе скокаат стотици верници.

Централната манифестација ќе се одржи на Камениот мост во Скопје, од каде поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ) г.г Стефан, точно напладне ќе го фрли крстот во реката Вардар

По крстот, кој според верувањето носи среќа и благодет, ќе скокаат 56 верници. Највештиот и најсреќниот од нив од кумот Војо Настевски, како што е традицијата, ќе добие телевизор, од весникот “Вечер“ ДВД, како и икона од градоначалникот на општина Центар Виолета Аларова.

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски на верникот кој ќе го фати крстот ќе му подари златник, посветен и изработен во чест на 30 – годишнината од автокефалноста на МПЦ.

Традиционално фрлање на крстот во чест на празникот "Богојавление-Водици" ќе се одржи низ целата земја. Најмасовно се очекува да биде во Охрид, каде околу 400 верници ќе скокаат во езерото по крстот, а на чинот ќе присуствува претседателот на државата Бранко Црвенковски

. /крај/с/ег/б



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ана Ивановиќ секој ден пие иста напивка: ги намалува брчките и го ослободува стресот

Објавено пред

Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови.

dobivaj vesti na viber

Ана Ивановиќ (37) отсекогаш имала вита линија на која многумина ѝ завидуваат, а тоа најмногу се должи на здравиот начин на живеење што го води. Убавата Ана трипати се породи, со Бастијан Швајнштајгер има три сина, а сите велат дека никогаш не изгледала подобро.

Ана одлично се грижи за своето лице и тело, а своевремено пишуваше дека не може да замисли ден без шолја чај.

Имено, тоа е јапонскиот зелен чај во прав, кој носи многубројни придобивки за нашето тело. Поранешната тенисерка најчесто го пие ладен, а го сака затоа што го намалува стресот, а со тоа го спречува и создавањето брчки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

„Ги сакам одличните ефекти на мача-чајот. Го намалува стресот и ги подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, истакна Ана еднаш.

Често на „Инстаграм“ споделува што јаде, а еднаш го покажа и својот омилен рецепт.

„Почнете ја годината со здраво јадење. Мојот омилен рецепт: брокула, фалафел, аспарагус, сладок компир, елда или кафеав ориз, црвена зелка, ‘рдоква, краставица и зелена салата како основа. Додадете ги омилените додатоци и уживајте во оброкот“, напиша тогаш Ана.

Нејзината исхрана е богата со свежо овошје, зеленчук, житарки, протеини и јаткасти плодови, а сака да го почне денот со еден од омилените појадок.

„Здравјето е богатство. Никогаш не сум верувала во диети, туку во квалитетна исхрана“, изјави убавата поранешна тенисерка.

Прикажи повеќе...

Забава

Дерматолозите предупредуваат: овие два продукта го забрзуваат стареењето на кожата и предизвикуваат воспалителни акни

Објавено пред

Здравјето на кожата не е само резултат на надворешна нега, туку и на она што го внесуваме во нашите тела. Иако многумина веруваат дека добрата хидратација е клучна, адекватната, урамнотежена исхрана игра подеднакво важна улога во одржувањето на младешкиот изглед. Експертите за кожа често истакнуваат дека храната која содржи премногу шеќер, рафинирани јаглехидрати и штетни масти може сериозно да влијае на здравјето на кожата, предизвикувајќи воспаление, намалување на еластичноста и забрзување на стареењето. Овој текст дава детали за две намирници кои имаат особено негативно влијание на вашата кожа.

dobivaj vesti na viber

Путер и маргарин – скриени опасности за вашата кожа
Иако путерот и маргаринот често завршуваат на трпезата како секојдневни состојки, прекумерното консумирање може да биде штетно за вашата кожа. Многу луѓе не се свесни дека оваа храна може да предизвика сериозни последици, иако содржи корисни хранливи материи, како витамин Д и калциум.

Дерматологот д-р Елејн Ф. Кунг предупредува дека млечните производи, како путерот, може да го зголемат нивото на хормонот ИГФ-1, што доведува до помрсна кожа. Таквата кожа може да ги затне порите и да ги влоши акните. Од друга страна, маргаринот, богат со трансмасни киселини, може да го забрза процесот на стареење. Овие трансмасни киселини ја зголемуваат чувствителноста на кожата на УВ-зрачењето, кое ги оштетува колагенот и еластинот, два клучни протеина што ја одржуваат кожата цврста и еластична.

Совети за поздрава замена: Ако ви се допаѓа богатството на вкус што го дава путерот, размислете за поздрави алтернативи, како авокадо или маслиново масло. Овие опции се богати со здрави масти, кои го поддржуваат здравјето на кожата.

Слатки житарки – непријател на младешкиот изглед
Житариците кои се богати со шеќер, како оние што често се наоѓаат во инстант-појадокот и слатките колачи, може сериозно да влијаат на здравјето на вашата кожа. Високиот гликемичен индекс на овие зрна често е под влијание на нивната висока содржина на шеќер, што го активира процесот на гликација. За време на гликацијата молекулите на шеќерот се врзуваат за протеините, како колаген и еластин, создавајќи напредни финални производи на гликација (AGEs), кои ја ослабуваат структурата на кожата.

Прекумерното внесување рафиниран шеќер може да доведе до оштетување на колагенот и еластинот, што резултира со намалена еластичност и опуштена кожа. Дерматологот д-р Симран Сети советува да ги замените зашеќерените житарки со овошје, кое не само што го задоволува вашата желба за слатко туку и ја хидрира вашата кожа благодарение на високата содржина на вода и природните антиоксиданси.

Алтернатива за поздрав појадок: освен овошје, можете да се одлучите за интегрални житарки, кои имаат понизок гликемиски индекс и се богати со влакна, кои придонесуваат за здравјето на кожата и целокупната благосостојба.

Клучот за одржување на младешки изглед
Диетата што фаворизира свежа, непреработена храна и богата со витамини, минерали и здрави масти може да има огромно влијание врз здравјето на вашата кожа. Избегнувањето храна што го зголемува воспалението, како што се путерот, маргаринот и засладените житарки, може да биде првиот чекор кон одржување на младешкиот изглед и спречување на предвремено стареење. Со правилна исхрана и нега вашата кожа ќе остане сјајна, еластична и здрава.

Прикажи повеќе...

Забава

Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг

Објавено пред

Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.

Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.

Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.

По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.

Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.

Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Трудо за одговорот на царините на Трамп: Ништо не е исклучено

Канада ќе ги разгледа сите можни опции, вклучително и контратарифи, доколку новиот американски претседател Доналд Трамп не се откаже од...

Свет36 минути

(Видео) Бајден одржа проштален говор, предупреди за „создавање опасна олигархија“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во својот проштален говор предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со...

Свет10 часа

Семејствата на заложниците се задоволни од договорот за прекин на огнот, но стравуваат од можноста да не биде целосно имплементиран

Семејствата на израелските заложници со радост и олеснување ја дочекаа веста за договорот помеѓу Израел и Хамас со кој ќе...

Свет11 часа

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе стапи во сила во недела, објави катарскиот премиер

Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани одржа прес-конференција во Доха на која потврди дека е постигнат договор за...

Свет11 часа

(Видео) Договорот се слави на улиците во Тел Авив и Газа, Нетанјаху објави дека делот за заложниците треба да се финализира

Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците...

Свет13 часа

Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот

Претставник на Хамас и уште еден висок функционер изјавиле за „Скај њуз“ дека е постигнат договор за прекин на огнот...

Свет13 часа

Американскиот претседател во заминување: Беше животна привилегија да и’ служам на оваа нација повеќе од 50 години

Американскиот претседател Џо Бајден им се заблагодари на Американците за нивната „љубов и поддршка“ за време на неговиот мандат, во...

Македонија16 часа

Ги повикуваме на разговор доколку вистински се грижат за платите на вработените, во спротивно УПОЗ е синдикална организација што обработува за нечии партиски интереси, велат од Владата

Протестите не се најдобриот начин на комуникација, Владата е отворена за постигнување договор со сите синдикални организации преку дијалог, велат...

Македонија17 часа

Во некои министерства има притисоци вработените да не излегуваат на протест за поголема плата, Деановски ќе ги каже до крајот на неделата

Државната администрација од неколку министерства и денес излезе на получасовен протест со барање за 30 отсто поголема плата и потпишување...

Топ19 часа

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва

Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери...

Економија20 часа

Новогодишната кошница беше успешна, оцени Министерството за економија

Денеска завршува акцијата „Новогодишна кошница“ која што беше креирана на предлог на бизнисот со поддршка на Министерството за економија и...

Топ21 час

(Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари

Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје...

Спорт21 час

Почина Александар Јовиќ

Утрово тажна вест ја потресе македонската јавност. На 51-годишна возраст почина македонски репрезентативец Александар Јовиќ. Александар Јовиќ е роден во...

Македонија22 часа

ДУИ: Од првиот ден на мандатот Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...

Македонија22 часа

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Свет23 часа

(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес

Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во...

Свет1 ден

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија1 ден

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа1 ден

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа1 ден

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...