Спорт
Уапсен кошаркарот на Мајами Удонис Хаслем
Кошаркарот на НБА екипата Мајами Хит, Удонис Хаслем е уапсен поради поседување марихуана.
Кошаркарот на НБА екипата Мајами Хит, Удонис Хаслем е уапсен поради поседување марихуана. Заедно со 30-годишниот Хаслем, полицијата на патот Гретини -Парквеј, во три часот по полноќ го уапсила и неговиот сопатник, Ентоан Флеминг. Хаслем е обвинет за поседување на 20 грама марихуана, нему му се заканува петгодишна затворска казна или парична казна од 5.000 долари. Крилниот кошаркар ќе се брани од слобода откако по платената кауција е пуштен од затворот во Мајами. Управата на кошаркарскиот клуб Мајами чиј член во последните седум години е Хаслем, не сакаше го коментира случајот. Минатиот месец, Хаслем потпиша нов петгодишен договор со Мајами Хит. Удонис Хаслем во кариерата има просек од 10 поени и, 8,1 скок по натпревар, во 2006 година со Мајами го освои шампионскиот прстен.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн го чека ПСЖ, Арсенал кај Спортинг, Сити излез од кризата бара против Феенорд
Вечерва започнува петтото коло во Лигата на шампионите. Првата половина од натпреварите ќе понуди две дерби средби, во Минхен, Баерн ќе го пречека ПСЖ, а Спортинг во Лисабон ќе му биде домаќин на Арсенал. Внимание привлекува и гостувањето на Феенорд кај Манчестер сити.
Баерн, а особено ПСЖ имаат проблеми сезонава во Лигата на шампионите. Баварците во првите четири рунди освоија шест, а „светците“ само четири бода. Натпреварот за двата тима е исклучително важен. Евентуален кикс на едните или другите значително ќе им ги наруши амбициите во елитното натпреварување.
Пред натпреварот со Арсенал, логично се поставува прашањето што може Спортинг без Рубен Аморим. Тренерот пред две недели се пресели во Манчестер јунајтед. Спортинг под Аморим, во првите четири рунди од можните 12 освои 10 бодови, Арсенал има седум.
Манчестер сити, излез од кризата ќе бара против Феенорд. „Граѓаните“ немаат победа на последните пет натпревари во сите конкуренции. Ваква лоша низа на резултати никогаш не му се случила на Пеп Гвардиола.
УЕФА Лига на шампиони, петто коло
Слован – Милан 18.45 часот
Спарта – Атлетико Мадрид 18.45 часот
Барселона – Брест 21.00 часот
Баер – Салцбург 21.00 часот
Баерн – ПСЖ 21.00 часот
Интер – Лајпциг 21.00 часот
Манчестер сити – Феенорд 21.00 часот
Спортинг – Арсенал 21.00 часот
Јанг Бојс – Аталанта 21.00 часот
Спорт
Карагер: Салах ме разочара, се однесува себично
По победата од 3:2 на гостувањето кај Саутемптон во неделата, Мохамед Салах со новинарите сподели детали околу неговата иднина во Ливерпул.
Договорот на Египќанецот истекува на лето, а за можното продолжување на соработката изјави: „Речиси сме декември и се уште не сум добил понуда да останам во клубот. Веројатно повеќе сум надвор отколку внатре. Ситуацијата не е во моите раце, како што реков, декември е, исто така, не знам ништо за мојата иднина“.
Изјавата на Салах ја критикуваше легендата на Ливерпул и аналитичар на „Скај Спорт“, Џејми Карагер. Англичанецот истакна дека е разочаран од однесувањето на Салах.
„Секако дека имаше дискусии. Во моментов очигледно, Салах и негвиот менаџер со челниците на Ливерпул не можат да се согласат во однос на должината на договорот“, рече Карагер и дополни.
„Значи, Ливерпул сè уште не му понудил договор затоа што во клубот знаат дека Мо Салах ќе го одбие. Тие се уште се во преговори. Но, морам да кажам дека сум разочаран од Салах. Тоа интервју… Ливерпул игра со Реал Мадрид утре, а потоа и со Манчестер сити. Тоа треба да биде во фокусот на Ливерпул“, истакна тој и потоа упати уште една критика кон најдобриот играч на Ливерпул.
„А што се однесува до Салах, ние сме свесни, локалните новинари кои го следат клубот, дека тој застана во микс зоната двапати во седум години. Сега застана по трет пат на гостувањето кај Саутемптон Ливерпул победи со пресврт. Ако продолжи да коментира тој или неговиот менаџер продолжи да објавува мистериозни твитови, тоа е себично“.
Спорт
Реал одбил две понуди за Арда Гулер
Арда Гулер не игра многу од почеткот на сезоната, но Реал Мадрид нема намера да се откаже од неговите услуги.
Инсајдерот Фабрицио Романо денеска откри дека Реал Мадрид добил две понуди за Гулер, но дека и двете ги одбил со јасна порака дека Турчинот по никоја цена нема да го напушти клубот.
Гулер пристигна во Реал Мадрид како залог за иднината во летото 2023 година за 20 милиони евра. Оваа сезона одигра 13 натпревари, но најмногу од клупата, бидејќи на теренот мина само 382 минути.
Сепак, Гулер има само 19 години и му претстои блескава иднина, потврди Фабрицио Романо, кој не ги именуваше клубовите кои испратиле понуди за Гулер.
Имаше и шпекулации дека Арсенал сака да го донесе на позајмица во јануари, а потоа да го откупи неговиот договор. Нешто слично во минатото Арсенал направи со Мартин Едегор, но Реал со Гулер има поинакви планови.