Македонија
Бившиот дечко ја однел во хотел и ја присилувал на секс

Деветнаесетгодишна девојка од Чаир вчера била заложник на својот поранешен дечко. Во хотелот „Калабрија“ ја присилувал на сексуални односи и физички ја нападнал. Кога девојката почнала да вика, насилникот ја оставил гола
Деветнаесетгодишна девојка од Чаир вчера била заложник на својот поранешен дечко. Во хотелот „Калабрија“ ја присилувал на сексуални односи и физички ја нападнал. Кога девојката почнала да вика, насилникот ја оставил гола и избегал.
Инцидентот се случил синоќа околу 19 часот во скопската населба Чаир. Додека девојката ги чекала своите другарки пред зграда и пришол нејзиниот поранешен дечко со кој била во врска пред два месеци.
И кажал дека неговите другари го држат нејзиниот брат како заложник и и се заканил дека ако не дојде со него, ќе го убие и него и нејзе.
Девојката влегла во неговиот автомобил и отишле во хотелот „Калабрија“. Во хотелот влегле заедно без да ги евидентира рецепционерот и отишле во една од собите.
Дечкото почнал да и се заканува, и ги соблекол фармерките и гаќите, а потоа се соблекол и тој, па почнал да ја убедува да имаат сексуален однос.
И велел дека ќе ја земе за жена и се дотогаш не бил насилен, но и вршел притисок и сакал да ја снима со телефон.
По два три часа убедување неможејќи да го издржи притисокот, девојката почнала да вика и да бара помош.
Поранешниот дечко и ги зел алиштата, капутот, фармерките, гаќите и удрил шамар и избегал од хотелот. Девојката се јавила во полиција и се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Желино е ставен под контрола

Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
„Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање“, кажа тој.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, во изјава за медимуите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени биле запалени гуми од возила.
Пламените јазици зафатија десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација.
Македонија
(Видео) Алиу најави реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област.
-Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој Термин, со цел креирање поедноставен, побрз и подостапен систем. Правиме платформа што не создава бариери, туку отвора врати, што функционира во реално време и им дава на граѓаните сигурност дека се приоритет, изјави министерот Алиу.
Тој посочи дека многу скоро оваа промена граѓаните ќе ја почувствуваат не само на екраните, туку и во нивното секојдневие.
Македонија
Голем пожар во Желино, од ЦУК велат поради ветерот и тешкиот терен има ризик да се прошири

Во општина Желино избувна пожар кој се движи во правец на Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума, информираат од Центарот за управување со кризи.
Како што кажаа од ЦУК, пожарот поради ветерот и тежок терен има ризик да се прошири, но на терен веднаш се ангажирани сите расположливи сили и средства.
На терен активно дејствуваат:
– 1 армиски хеликоптер
– 1 полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ
– 2 теренски возила пинцгауер
– 1 хермелин
– 30 припадници на Армијата
– екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита
– пожарникари од ТППЕ Тетово.
Во 16:00 часот ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС за воздушна поддршка, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека постои основано сомнение дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат.
Од АМСМ соопштија дека регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бенз. пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај, а сообраќајот се пренасочува по Автопат ТЕ-СК-ТЕ кај с Групчин и с. Желино