Македонија
Почитување на пресудата од Хаг, побара Иванов пред земјите од СБ
Грција да се воздржи од натамошно кршење на Времената спогодба, а пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг да се почитува и ефективно да се примени.
Грција да се воздржи од натамошно кршење на Времената спогодба, а пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг да се почитува и ефективно да се примени.
Ова се барањата што денеска претседателот Ѓорге Иванов ги образложи на средба со амбасадорите на постојаните земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации.
„Бараме целосно почитување на пресудата и Времената спогодба преку почитување на меѓународното право“, истакна Иванов на средбата, информираат од неговиот кабинет.
Претседателот Иванов се надева дека почитувањето на спогодбата ќе придонесе за деблокада на евро-атлантските интеграции и ќе создаде попозитивна клима за изнаоѓање на решение за спорот со името.
На средбата присутните упатиле честитки до македонскиот државен врв за покажаното лидерство по објавувањето на пресудата, за одговорното однесување и креирањето позитивна атмосфера по пресудата, за изјавите дека не се гледа низ категории на победници и поразени, за подадената рака за добрососедство, и дека така ќе биде и во иднина. Рекле дека пораките и ставовите ќе ги пренесат во нивните главни градови.
На средбата со Иванов присуствуваа амбасадорите на САД, Русија, Велика Британија и Франција, додека Кина беше претставена со првиот секретар во амбасадата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.