Спорт
Хоџсон ќе го враќа стариот сјај

Екипата на Ливерпул е најголемата енигма пред саботниот старт на сезоната во Премиерлигата.
Екипата на Ливерпул е најголемата енигма пред саботниот старт на сезоната во Премиерлигата. Долгогодишниот менаџер, Рафа Бенитез го напушти тимот, него на кормилото го замени, Рој Хоџсон. Искусниот велшанец во новата сезона влегува со само една цел, осовојување на титулата, која навивачите ја чекаат уште од 1990 година. ЛиверпулПрекар: Црвените Стадион: Енфилд, капацитет 45.362 седиштаМанаџер: Рој Хоџсон, на чело на тимот од јули 2010Титули: Шампион на Англија 18 титули, ФА Куп 7 титули, Лига Куп 7 титули, Лига на шампиони 5 титули, УЕФА Куп 3 титули, Европски Суперкуп 3 титули Пласман во сезоната 2009/2010: Седмо местоНови играчи: Дани Вилсон (Галзгов Ренџерс), Џо Кол (Челзи), Милан Јовановиќ (Стандард Лиеж), Јоно Шевлеј (Чарлтон)Заминаа од клубот: Филип Деген (Штутгарт), Алберт Риера (Олимпијакос), Мајкл Сан Хозе (Атлетик Билбао), Јоси Бенајун (Челзи)Прогноза: Доколку ја архивирале ерата на Бенитез, играчите на Ливерпул лесно ќе ја разберат фудбалската филозофија на Рој Хоџсон. Велшанецот најпрвин ќе се обиде да ги врати во живот двете најголеми ѕвезди, Стивен Џерард и Фернандо Торес, истото важи и за Рајан Бабел. Влијателниот играч од средниот ред Хавиер Маскерано ќе остане во тимот, што со засилувањата Кол, Јовановиќ и Вилсон, го прави Ливерпул респектибилен состав. Хоџсон ќе ја напаѓа титулата, но сигурно е дека во мај следната година ќе биде задоволен и доколку тимот избори пласман во Лигата на шампионите.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул ја отфрли понудата од 67,5 милиони евра на Баерн Минхен за трансфер на Луис Дијаз

Ливерпул ја отфрли првата официјална понуда на Баерн Минхен за крилниот напаѓач Луис Дијаз. Се верува дека понудата е вредна 58,5 милиони фунти (67,5 милиони евра) – и клубот ја одби целосно, јави „Скај Спортс њуз“ од каде тврдат дека Ливерпул му одговорил на Баерн дека Дијаз не е на продажба.
Сепак, Баерн верува дека Дијаз е заинтересиран да им се придружи. Според „Скај“ во Германија, Баерн подготвува уште една понуда за Дијаз, кој останува врвен приоритет за германските шампиони.
Доколку го сторат тоа, тогаш Ливерпул треба да донесе уште една одлука – но ставот на клубот досега ова лето е недвосмислен.
Тие сметаат дека не е на продажба и не сакаат никакви понатамошни понуди. За нив Дијаз останува важен играч не само за претстојната сезона, туку и за остатокот од неговиот договор, кој има уште две години до истекување.
Се смета дека клубот од „Енфилд“ им го ставил тоа јасно до знаење на сите заинтересирани клубови, што ја вклучува и Барселона ова лето.
Внатрешното сметководство на Ливерпул го проценува Дијаз на повеќе од 86 милиони фунти (100 милиони евра+), но клубот не поставил продажна цена бидејќи немаат намера да го продадат.
Спорт
Хендерсон потпиша двегодишен договор со Брентфорд

Брентфорд го заврши потпишувањето на двегодишниот договор со англискиот фудбалер и поранешен капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон, по неговото неодамнешно заминување од Ајакс, објави Би – Би Си Спорт.
35-годишниот Хендерсон, помина 12 години во Ливерпул, каде што ја освои Премиер Лигата, Лигата на шампиони, ФА Купот, два Лигашки купа, Комунити Шилд, Супер куп и Куп на светски клубови.
Во јули 2023 година, се приклучи на саудискиот клуб Ал-Етифак, управуван од поранешниот соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард, но шест месеци подоцна неговиот договор беше поништен и се приклучи на Ајакс. Минатата недела, холандскиот клуб се согласи да го прекине договорот со Хендерсон година порано. Хендерсон доби повик за Англија во март од новиот менаџер Томас Тухел.
Спорт
Загина тркачот за кој се верува дека е најстариот маратонец: на 114 години го удрил автомобил додека поминувал улица
Светот на атлетиката изгуби вистинска легенда – Фаџа Сингх, најстариот човек за кој се верува дека некогаш истрчал маратон, трагично почина во сообраќајна несреќа на 114 години.
Го удрило возило додека поминувал преку патот во неговото родно село Беас Пинд во Индија, јави британски„Скај њус“.
Веста предизвика жалост во целата спортска заедница, особено меѓу атлетите и тркачите ширум светот, кои го сметаа Британецот за голема инспирација.
Фаџа Сингх живеел во британскиот Илфорд од 1992. година, а и покрај скромните физички предиспозиции во детството, не можел да оди до петата година поради слаби нозе, во подоцнежните години станал симбол на издржливост и виталност.
Својот прв маратон во Лондон го истрчал во 2000. година со време од 6 часа и 54 минути, речиси час побрзо од останатите тркачи во таа возрасна група.
Личен рекорд поставил во 2003. во Торонто, завршил маратон за импресивни 5 часа и 40 минути.
Во 2011 година, влезе во историјата како првиот стогодишник што истрчал маратон, а во 2012 година беше и носител на олимпискиот факел на Игрите во Лондон.
Последната трка – 10 километри – ја истрча во 2013 година во Хонг Конг за 1 час, 32 минути и 28 секунди, по што се повлече од натпреварите.
Долговечноста и здравјето, велеше, ги должи на вегетаријанската исхрана полна со ѓумбир и редовната медитација.
Фаџа Синг ќе остане запаметен не само како спортски феномен туку и како мотивациска икона, која покажа дека границите често се само во нашите глави.
Фото: Принтскрин