Економија
Вообичаен ден на македонската берза, трите индекси во негатива

На македонската берза со хартии од вредност во петокот се оствари промет од 9,094,998,95 денари.
На македонската берза со хартии од вредност во петокот се оствари промет од 9,094,998,95 денари. Исто како и вчера продолжи трендот на пад на берзанските индекси кој најмногу изгуби индексот на јавно поседувани друштва МБИД кој застана на бројката од 2,683,4 поени кој изгуби 87,11 индексни поени во однос од четвртокот или тоа беше за 3,14 проценти пад. Поголемиот дел од прометот во вредност се реализираше на Официјалниот пазар кој изнесуваше 7,923,884,95 денари, додека на Редовниот пазар се истргуваа 1,171,114,00 денари.
На официјалниот пазар тргувањето беше во знакот на обврзниците како најликвидни хартии од вредност. Како најликвидна беше повторно обврзницата од денационализација од деветата емисија со кои се истргуваа 54,415 количина по просечна цена од 77,50 проценти од номиналната вредност, и при тоа остварија вредност од 2,593,971,39 денари. Веднаш по прометот на оваа хартија од вредност беше и обврзницата од денационализација од осмата емисија со која се истргуваа 25,664 количина по цена од 81,43 и при тоа остварија 1,285,493,67 денари на класичен промет од 5 реализирани трансакции.Трета според обем на тргување од официјалниот пазар акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со просечна цена од 3,020,57 денари, со нив се истргуваа 314 акции од 9 реализирани трансакции или вкупно реализираа симболични 948,460,00 денари на промет. Тргувањето кај оваа акција се реализираше од 3,000,00 денари како најниска до 3,049,00 денари како највисока цена а воедно оваа цена претставуваше и пораст од 0,19 проценти во однос од четвртокот.
На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше хартијата на Македонски Телеком АД Скопје кој остварија 332,342,00 денари промет од 9 трансакции со нив, и при тоа се тргуваа по просечна цена од 497,52 денари и при тоа оваа цена беше за 0,66 проценти помала во однос од тргувањето во четвртокот.Втора по својот промет на Редовниот пазар беше акцијата ф-ка за цефки 11 Октомври АД Куманово со остварен промет од 257,075,00 денари, а се тргуваше по просечна цена од 816,11 денари по акција. Со нив се истргуваа 315 обични акции. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 09 2 Р.Македонија – Денационализација 08 3. Комерцијална банка АД Скопје4. Р.Македонија – Денационализација 065. Р. Македонија девизни влоговиХартии од вредност со најголем раст1 Македонија Турист АД Скопје 2,99%2. Топлификација АДС Скопје 2,62%3. Кјуби АД Скопје 2,50%4. Тутунска банка АД Скопје 1,18%5, Р.Македонија – Денационализација 04 0,93%Хартии од вредност со најголем пад1. Раде Кончар АД Скопје 16,13%2. Стопанска банка АД Скопје 7,06%3. РЖ Макстил АД Скопје 2,94%4. РЖ Арцелормитал ЦРМ АД Скопје 2,84% 5. ОКТА АД Скопје 2,33%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.