Македонија
Бендевска: Генералниот секретар на Владата прима две плати
Весна Бендевска од СДСМ на денешната собраниска седница за пратенички прашања обвини дека генералниот секретар на Владата на Република Македонија Кирил Божиновски прима две плати и дополнителни парични средства.
Весна Бендевска од СДСМ на денешната собраниска седница за пратенички прашања обвини дека генералниот секретар на Владата на Република Македонија Кирил Божиновски прима две плати и дополнителни парични средства.
„Кирил Божиновски откога е назначен за нов генерален секретар во Владата на Република Македонија работел како раководител на сектор на Кабинетот на премиерот за меѓународна соработка. Значи, cознанијата говорат дека истото лице примало плата во периодот од октомври 2006 до јули 2008 за полно работно време од Собранието на Република Македонија“, посочи Бендевска.
Таа побара јавниот обвинител Љупчо Шврговски да открие на кое работно место се водел Божиновски во Собранието кога се апсолвирало дека во Владата зазема раководно работно место.
„Јас сум пратеник од 2006 година и досега такво лице не ми е познато“, нагласи Бендевска.
Таа рече дека Божиновски е член на управен одбор на новоформираната државна лотарија, а истовремено и член на одборот за материјално финансиско работење на македонски железници.
„Што значи дека освен двете паралелни плати примал и други дополнителни средства по однос на членување во управни и надзорни одбори“, укажа пратеничката од СДСМ.
За ова прашање јавниот обвинител рече дека ќе биде одговорено во писмена форма, во законски предвидениот рок.
Секој последен четврток во месецот пратениците им поставуваат прашања на министрите, но овој пат пратеничките прашања беа во понеделник бидејќи премиерот Никола Груевски нема да биде во земјава во четврток и нема да може да присуствува на дебатата во законодавниот дом./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

