Контакт

Надворешна политика

ЕУ и САД бараат да се исполнат обврските за одржување кредибилни избори

Објавено пред

Амбасадорите на Европската унија и на САД во Македонија  Аиво Орав односно Џес Бејли, се сретнаа во петокот попладнето во Владата имаа средба со премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев , и притоа разговарале за спроведувањето на Договорот од Пржино и за подготовките за одржување на предвремените парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

„Имавме конструктивна средба со премиерот Димитриев на која ја повторивме нашата поддршка за кредибилни избори, како и нашата подготвеност да понудиме неопходна техничка и друга помош што ќе помогне да се создадат услови што ќе ги направат таквите избори можни“, рече Орав.По средбата тој истака дека со договорот од Пржино, посочи, е поставен 24-ти април како датум за избори. Договорот ги обврзува потписниците на структурни реформи, влучувајќи и мерки за обезбедување поголема слобода на медиумите, прочистување на Избирачкиот список и имплементација на сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР, за да се овозможат слободни и фер избори, додаде.„Останува да се заврши значителна работа за да се исполнат тие услови. Пред распуштањето на Парламентот, а не подоцна од 20 февруари, ЕУ и САД во консултација со меѓународни и локални експерти, заеднички ќе разгледаат дали се исполнети условите за одржување кредибилни избори на 24 април. На средбата со Димитриев ги споделивме критериумите што ќе ги употребуваме во проценката. Овие критериуми ги споделивме и со лидерите на партиите потписници на договорот од Пржино со кои блиско соработуваме повеќе месеци. Критериумите исто така ќе ги направиме достапни и за јавноста“, рече уште Орав по средбата со Димитриев.Од своја срана американскиот амбасадор Бејли истакна дека ќе ги понудат нивните погледи и ставови како пријатели на Македонија, земја којашто сакаат да ја видат како просперитетна демократија во рамките на евро-атлантската заедница.„Како и да е, на крајот зависи од парламентот, Владата и вашите политички лидери да ги донесат одлуките. Тие се одговорни за повторното поставување на земјата на евроатлантскиот пат. Исто така, повторно ги охрабруваме партиските лидери да се воздржат од напади на официјални претставници чија задача е да создадат услови за кредибилни избори, бидејќи тие вршат тешка работа. Таквата реторика не помага и ја поткопува вербата дека изборите можат да се одржат под услови кои би овозможиле тие да бидат прифатени од сите како слободни и фер“, порача американскиот амбасадор.По изјавите на двајцата амбасадори, на новинарите им беше поделен документ во кој се содржани критериумите што ќе ги користат ЕУ и САД при процената што ја најавија. Во критериумите е наведено дека ДИК мора да биде целосно обезбедена со персонал и финансии. Што се однесува до Избирачкиот список мора да бидат завршени првичните вкрстени проверки на сите релевантни податоци за да се добие добра слика за тоа колку опсежен ќе биде процесот на прочистување, вклучитлено и теренските проверки. Таа мора да има веродостојна програма и доволно време и ресурси за да може да ги истражува и да одлучува по неправилностите што ќе се откријат за време на вкрстената проверка, се вели во документот што е доставен и до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА.Се наведува дека мора да постои јасна законска рамка за навремено отстранување на имиња кои не припаѓаат во Избирачкиот список, како и да бидат воведени соодветни механизми за обележување на имињата кои нема да можат да бидат отстранети, но за кои ќе биде потребна дополнителна проверка. Мора да постои опсежен и фер механизам за разгледување на желбите што ќе произлезат од процесот на прочистување на Избирачкиот список, а ОБСЕ да биде поканета да ја набљудува процедурата, предвидуваат критериумите.Како што беше договорено на 2-ри јуни четирите партии мора да постигнат договор за медиумските реформи. Телевизиите мора да демонстрираат усогласување со законските барања од членот 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги и да обезбедат „објективно и непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења“, како и со другите закони што бараат фер пристап кон медиумите, се порачува во документот.Во критериумите што ќе се користат за процена на спроведувањето на обврските произлезени од договорот од Пржино, во спомеантиот дикумент се наведува и дека мора да бидат преземени мерки што ќе обезбедат доволна одвоеност на државата од активностите на политичките партии, со што ќе се санкционираат злоупотребите.Високите јавни функционери мора да дадат јасни изјави и писмени инструкции дека нема да се толерира никаков притисок врз вработените во јавната администрација и оти ниту еден вработен или граѓанин нема да се плаши за своето вработување или примање социјални услуги како резултат на поддржување  или неподдржување на која и да е политичка партија или кандидат. Веродостојните тврдења за притисок или заплашувања мора да бидат брзо и темелно истражени  таму каде што е соодветно гонети од релевантните власти, се вели во документот и се истакнува дека ЕУ и САД се посветени кон тоа да работат со властите и со четирите политички партии за задоволување на наведените услови./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Топ2 часа

(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин

Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен...

Свет2 часа

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што...

Свет2 часа

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира....

Македонија3 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија4 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет5 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет5 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет5 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа6 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија14 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет18 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет19 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...