Македонија
Индустриското производство во Хрватска со пад од 12,4 отсто

Индустриското производство во Хрватска во февруари оствари пад од 12,4 отсто на годишно ниво, соопшти Хрватскиот завод за статистика
Индустриското производство во Хрватска во февруари оствари пад од 12,4 отсто на годишно ниво, соопшти Хрватскиот завод за статистика.
Намалената домашна и странска побарувачка, проследено со силен раст на залихите, резултираше со продолжување на трендот на пад на индустриското производство, кое во јануари изнесуваше 14,1 отсто.
Најсилен пад е забележан ву групата производство на трајни добра од 32 отсто, по што следи групата на вадење руди со 18,3 отсто, преработувачката индустрија 15,3 отсто и производството на храна со 23,8 отсто
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП Табановце и ГП Богородица, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во првите два дена од новата седмица времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Уапсени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсија С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”.
Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.
Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.