Спорт
Бекам повторно во во Реал Мадрид?
Гласините за иднината на играчкиот кадар на Реал Мадрид, во случај Флорентино Перес да се врати на претседателската позиција го достигнаа врвот.
Откако беше објавено дека 17 фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листа, англискиот весник The Sun повторно ја разбранува јавноста. Според весникот, на “Сантијаго Бернабе” може да се врати, ни помалку ни повеќе, туку Дејвид Бекам.”Флорентино, доколку стане претседател ќе се обиде да го врати Дејвид во клубот . Би било глупаво да го одречеме тоа”- изјавува за The Sun извор близок на Реал Мадрид.”Белите” може да се наметнат меѓу договорот помеѓу Милан и ЛА Галакси и да му платат 10 милиони фунти на американскиот клуб.Перес, во 2003 година го купи Бекам од Манчестер за 24 милиони фунти .Истовремено, поранешниот претседател на “белите”, Рамон Калдерон, повторно изјави дека Кристијано Роналдо ќе дојде Реал летово. Минатата година, клубот од Мадрид понуди 80 милиони фунти за португалецот, но понудата беше отфрлена.Истовремено, се подгреваат и шпекулациите за враќање на Роберто Карлос во Реал. Поранешниот играч на Реал Мадрид, не отфрла враќање на Сантијаго Бернабе, секако, повторно, доколку Перез се врати на претседателската функција.“Доколку Флорентино дојде и ми рече ’Роберто врати се назад’ ќе треба да размислам и да разговарам за тоа.” – рече Карлос.
“Никогаш не сум кажал дека нема да се вратам.Го обновив мојот договор овде, имам уште една година од договорот но многу работи можат да се случат. Луѓето знаат дека јас има големо мислење и огромна почит кон Флорентино. Бев дел од Реал Мадрид 11 години и тие секогаш ќе бидат тимот на мојот живот.Доколку сега кажам дека не сакам да се вратам тоа е лага, но потребно е да почекаме и да идиме кој ќе дојде со Флорентино и како планови има Флорентино.Би сакал да се вратам во Мадрид за да играм, да бидам дел од група која е шампионска. Не би сакал да се вратам и да имам мала улога, се чуствувам силен и доколу имам можност да се вратам и да играм фудбал на високо ниво ќе размислам добро. – заврши еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

