Македонија
Австрија нуди помош, а не медијаторство за името
Австрија нуди помош, а не медијаторство во спорот околу името меѓу Македонија и Грција, објасни денеска во Скопје, министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер.
Австрија нуди помош, а не медијаторство во спорот околу името меѓу Македонија и Грција, објасни денеска во Скопје, министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер. „Рамката за решавање на овој спор е рамката на ООН и за овој спор од билатерално прашање треба да агитираат партнерите на Грција и Македонија. Ние како Австријци можеме да понудиме помош, таму каде што ќе биде побарано тоа од нас. Јас сметам дека решението на ова прашање се наоѓа во билатералниот однос“, истакна Шпинделегер. Австрија понудила помош на сите земји од Западен Балкан, со цел, што поскоро влегување на регионот во Европската Унија. Со иста цел, биле водени разговори и со Грција, уште пред Шпинделегер вчера да го посети нашиот јужен сосед. Министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер денеска, по средбата со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, во Скопје рече дека Грција позитивно го прифатила предлогот на Австрија за помош на земјите од регионот. „Австрија ќе помогне на земјите доколку има барање од нивна страна. Но, истовремено, Австрија во следниот период ќе се труди да ги натера земјите на ЕУ, да посакуваат земјите од Балканот што поскоро да влезат во Унијата“, истакна Шпинделегер. Од друга страна, Милошоски рече дека го запознал својот колега со македонските ставови околу спорот со името со Грција. „Подготвени сме да ги продолжиме преговорите со Грција со цел да дојдеме до решение за овој спор кое и на македонски и на грчки јазик ќе може да се напише како компромис, но и на македонски и на грчки јазик да се преведе како компромис“, рече Милошоски. Според шефот на македонската дипломатија, добро е што Австрија директно се вклучува околу идејата за поскоро зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. „Во времето што е пред нас се надеваме дека ќе успееме да најдеме начини како да ги увериме сите европски партнери вклучително и Грција дека евроинтеграциите се процес кој што носи полза на целиот регион. Во тој контекст ни е особено драго што Австрија директно се вклучува во идејата за поголемо внимание на ЕУ кон Западниот Балкан. Затоа што ако оваа идеја останеше да биде раководена само од Грција ќе беше идеја без кредибилитет, а сега со вклучувањето на Австрија, идејата за вклучување на земјите од Западен Балкан добива на кредибилитет“, потенцираше Милошоски. Шпинделегер и Милошески потпишаа Спогодба за развојна соработка, а било разговарано и за создавање на план кој ќе е од помош за развојот на економијата меѓу двете земји. Шпинделегер во Скопје пристигна од Атина каде што се сретна со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и со заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас. Тој по средбите со нив не прецизира дали станало збор за неговата понуда од пред неколку дена да посредува во решавањето на спорот за името меѓу Грција и Македонија. Министерот за европски и меѓународни работи на Австрија, одговарајќи на новинарско прашање во Скопје, истакна дека Грција позитивно реагирала на австриската понуда за помош доколку тоа е потребно. Шпинделгеер во понеделникот во интервју за австриската државна телевизија ОРФ, изјави дека Виена сака да се понуди како медијатор за името и оти е уверен оти решение за проблемот ќе се најде уште во текот на пролетта, а оваа година „ќе има конкретни резултати“ во соработката на ЕУ со Македонија. Според официјалната агенда, целта на неговите посети на Атина и на Скопје е промоција на австриската Иницијатива за побрза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Шефот на австриската дипломатија ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а најавени се средби и со лидери на поголемите политички партии. /крај/фор/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

