Македонија
Ќе им се одземаат пасошите на барателите на азил?
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски по Состанокот на комитетот за следење на визната либерализација најавија засилени контроли и санкции за барателите на азил како и за организаторите на нелегална миграција
Министерката Гордана Јанкулоска официјално најави индивидуални санкции за неуспешните баратели на азил, но неофицијално властите размислуваат за одземање на пасошите ако некој неосновано побара азил. Владата планира во кривичниот законик да вметне и ново кривично дело поврзано со организирањето на нелегалната миграција. „Се договоривме да побараме и податоци од земјите каде што има најголем број на азиланти, но и од комесарот кој ја покрива областа за внатрешни работи и миграции, за лицата кои побарале азил, за да разгледаме соодветна можност во евентуална постапка да примениме и дополнителни санкции за овие лица, бидејќи очигледно е дека тие направиле злоупотреба, иако таа злоупотреба се случила во друга земја и несомнено за тоа треба да одговараат. Разгледуваме можност и за воведување на ново кривично дело за оние кои организираат нелегална миграција, како и за индивидуални санкции за неуспешните баратели за азил“ изјави Јанкулоска. И министерот за правда Михајло Маневски е согласен да направи една подготовка на измена на кривичниот законик во насока на предвидување на ново кривично дело поврзано со организирање на нелегална миграција.„Ние секогаш сме подготвени да ги следиме трендовите на државата за спречување на одредени незаконски дејствија“ рече Маневски. Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски вели дека не верува дека може да се укине визната либерализација за Македонија.„Не верувам дека може да се дојде до губење на визната либерализација затоа што како држава се она што го направивме посебно во областите кои што ги покрива МВР при процесот на добивање на визна либерализација беше направено со многу напори и преку исполнување на конкретни критериуми. Сите активности што тогаш беа оценети беа највисоко оценети од претставниците на Европската комисија. Меѓутоа постојат поединци кои сакаат да ја загрозат оваа придобивка на македонските граѓани и ние ќе направиме се овој процес да биде запрен и тие да бидат соодветно санкционирани“, рече Наумовски. Од Министерството за внатрешни работи немаат конкретни податоци колку азиланти се вратени во Македонија. Велат дека тоа е континуиран процес и дека во повеќе наврати се вратени групи од 10 до 50 лица. Последната група азиланти од 30 лица, од кои петмина се од Македонија, се очекува да пристигне на 19 мај.На прашање, зошто туристичките агенции кои имаат поврзаност со владејачките коалициски партнери не носат последици, министерката вели дека сите туристички агенции носат последици и одговараат пред законот. Европската комисија пред извесно време најави суспензија на визната либерализација за Македонија и Србија. За помалку од еден месец за ова прашање ќе решава Советот на министрите на Европската унија за внатрешни работи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

