Македонија
Партиите потпишаа дека ќе се заложат за лицата со попреченост
Девет политички партии потпишаа ткн Картичка за заложба со што се обврзуваат дека доколку нивните кандидати бидат избрани за пратеници, во првите100 дена од нивниот мандат ќе се заложат за ратификација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со интелектуална попреченост.
Картичките ги потпишале на предлог од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака’, ДУИ, СДСМ, НСДП, Обединети за Македонија, Либералната партија на Македонија, ЛДП, ДПА, НДП и Нова Демократија, додека, како што рекоа , од ВМРО-ДПМНЕ се’ уште немаат одговор. „Со потпишувањето на Картичката за заложба, тие се обврзаа да им обезбедат целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни граѓански слободи на лицата со интелектуална попреченост. Очекуваме дека нема да ги заборават предизборните заложби од изборниот период и кога ќе станат пратеници или членови на новата влада ние ќе биде тука за да ги потсетиме на нивните ветувања“, рече д-р Василка Димоска, менаџер на центарот „Порака“ .Таа додаде дека во Република Македонија нема точни податоци колкав е бројот лица со интелектуална попреченост, но според податоците на светските организации се наведува дека кај нас има 200 илјади. Димоска посочи дека ваквите лица се исклучени од општеството во секоја смисла, а особено им е ограничено вклучувањето во образовниот систем и на пазарот на трудот.Република Македонија е меѓу последните земји во регионот кои и покрај потпишувањето на Конвенцијата на 30-март 2007 година, се’ уште ја нема ратификувано. Со ратификацијата на Конвенцијата државите потписнички се обврзуваат да донесат закони и други мерки за подобрување на правата на лицата со попреченост, како и да ја укинат легислативата, обичаите и практиките кои ја предизвикуваат дискриминацијата на овие лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.