Свет
Претседателот на Врховниот суд на САД го критикуваше Обама
Претседателот на американскиот Врховен суд, Џон Робертс ја изненади јавноста со невообичаената критика на претседателот Барак Обама
Првиот меѓу американските уставни судии, Џон Робертс изјавил дека сцената на првиот говор за состојбата на нацијата на претседателот на САД била „многу загрижувачка“ и дека неговиот годишен говор во Конгресот „дегенерирал во политички митинг“, пишува денешен The Washington Post.Робертс, зборувајќи пред студентите на право на Универзитетот Алабама рекол дека треба да се постави прашањето дали судиите на Врховниот суд воопшто треба да бидат присутни на говорот на претседателот за ткн состојба на нацијата или популарниот State of the Union.„Во мерката во кој овој говор го деградираше во политички митинг, не сум сигурен зошто ние сме таму“, рекол пред студентите претседателот на Врховниот суд на САД. Говорот на претседателот Барак Обама во јануари следеше неколку денови по спорната одлука на Врховниот суд донесување со прегласување 5:4, со која на корпорациите им е признаено правото на неограничено вложување во политичките кампањи на кандидатите за изборни должности, како дел од слободата на говорот. Обама тогаш во Конгресот ја осуди одлуката на конзервативното мнозинство во Врховниот суд пред судиите кои седеа пред него што беше проследено со бурно одобрување од демократското мнозинство. Весникот набележува дека Робертс уште тогаш го прекршил кодексот судиите на Врховниот суд да не реагираат на говорот за „состојбата на нацијата“, бидејќи нишал со главата во знак на негирање и изговорувајќи „не е вистина“, според известувањата на некои американски медиуми. Во говорот во Алабама, Роберст, исто така, го критикувал процесот на потврдување на именувањата на судиите на Врховниот суд во Сенатот, велејќи дека сенаторите непримерно настојуваат политички да поентираат, поставувајќи прашања за која знаат дека номинираните не можат да ги одговорат заради судската етика.Инаку Роберст е конзервативец кој беше именуван 2005 г. од претседателот Џорџ В. Буш.Одговарајќи на неговите забелешки, портпаролот на Белата куќа, Роберт Гејтс, во вторник навечер до медиумите испратил соопштение во кое нагласил дека е „загрижувачка“ само спорна одлука на Врховниот суд, а не местото и времето и местото на нејзиното критизирање.„Она што загрижува е дека таа одлука отвора пат за корпорациите и посебните интереси со пари да ги затрупуваат изборите, надгласувајќи ги гласовите на просечните Американци. Претседателот одамна се залага за намалување на претераното влијание на посебните интереси и лобистите врз власта. Затоа тој зборуваше за да ја осуди таа одлука, па затоа соработува со Конгресот на законодавен договор“, нагласил Гејтс. Администрацијата на Обама настои да се обезбедат доволно гласови во Конгресот за да се донесе нов закон со кој ќе се ограничи финансирањето на политичките кампањи од страна на корпорациите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Украинските и американските делегации ќе изработат „формула за мир“ оваа недела
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинските и американските делегации ќе се состанат оваа недела за да ја изработат формулата дискутирана во Женева за воспоставување мир и обезбедување безбедносни гаранции за Киев.
„Нашиот тим, заедно со претставници на САД, ќе се состане на крајот од оваа недела за да продолжи да ги приближува точките за кои се согласивме за време на преговорите во Женева, во форма што ќе нè води кон патот на мирот и безбедносните гаранции“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Тој додаде дека украинската делегација „ќе биде добро подготвена и фокусирана на конкретна работа“. Зеленски, исто така, најави понатамошни разговори следната недела во кои ќе учествуваат двете делегации, како и самиот тој, но не даде детали.
„Следната недела ќе се одржат важни разговори, не само со нашата делегација, туку и со мене. Подготвуваме солидна основа за овие разговори. Украина цврсто ќе стои на свои нозе. Секогаш ќе стои“, нагласи тој.
Свет
Германија мора да плати 82.000 евра на семејството на италијански војник од Втората светска војна
Граѓански суд во Рим ѝ наложи на Германија да плати 82.000 евра финансиска отштета на семејството на италијански војник повеќе од 80 години по завршувањето на Втората светска војна.
Судот пресуди дека неговото повеќемесечно затворање во концентрациони логори во Германија и Австрија претставува воено злосторство и злосторство против човештвото, објави денес италијанската новинска агенција АНСА.
Човекот поминал повеќе од 600 дена во заробеништво по потпишувањето на примирјето меѓу Италија и сојузниците во септември 1943 година. Во тој период, стотици илјади италијански војници биле заробени.
На север, фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини останал на чело сè до непосредно пред крајот на војната во 1945 година.
Според адвокатот на семејството, војникот никогаш не се опоравил од заробеништвото. Човекот извршил самоубиство во 1982 година.
Свет
Франција ќе ја врати доброволната воена служба поради „забрзани закани“
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска објави воведување на доброволна воена служба за млади луѓе, која треба да започне до средината на 2026 година, што ќе ѝ помогне на Франција да одговори на „забрзаните закани“ на глобалната сцена.
Овој потег е дел од поширока промена низ Европа, каде што земјите кои долго време уживаат во мир со децении благодарение на безбедносните гаранции на САД, се загрижени за променетите приоритети на претседателот Доналд Трамп и агресивниот став на Русија.
„Франција не може да стои настрана“, рече Макрон за време на посетата на 27-та планинска пешадиска бригада во Варсес, во француските Алпи. Тој додаде дека доброволната програма ќе биде отворена за лица на возраст од 18 и 19 години, кои ќе бидат платени, и ќе трае 10 месеци. Тоа би чинело 2 милијарди евра, што тој го нарече „важен и неопходен напор“.
Програмата предвидува регрутирање на 3.000 луѓе до 2026 година, кои би служеле само на француска почва, а бројот би се зголемил на 10.000 до 2030 година. „Мојата амбиција е да стигнам до 50.000 млади луѓе до 2036 година, во зависност од еволуирачките закани“, рече Макрон.
„По програмата, учесниците би можеле да се интегрираат во цивилниот живот, да станат резервисти или да останат во вооружените сили“, рече тој.
Најавата на Макрон ја доведува Франција во линија со речиси десетина други европски земји како што се Германија и Данска кои започнаа слични проекти.
Макрон рече дека укинувањето на задолжителната воена служба спроведено од поранешниот претседател Жак Ширак во 1996 година било исправно, но дека регрутацијата нема смисла за сегашните потреби на Франција.
Фото: ЕПА

