Македонија
Зголемен прометот во петокот на берзата
При денешното тргување на македонската берза за долгорочни хартии од вредност се оствари промет во вредност од 23.359.753,53 денари
При денешното тргување на македонската берза за долгорочни хартии од вредност се оствари промет во вредност од 23.359.753,53 денари.
На официјалниот пазар прометот изнесуваше 5.979.563,53 денари и беше значително помал во однос на прометот на редовниот пазар кадешто изнесуваше 17.380.190,00 денари.
Со акцијата на Осигурителна Полиса Скопје, која котира на редовниот пазар се оствари блок трансакција чија вредност изнесуваше 6.145.000,00 денари.
Со оваа блок трансакција се истргуваа вкупно 10.000 акции при цена од 614,50 денари по акција, а предмет на купопродажба беше 3,32% од основната главнина на Осигурителна Полиса Скопје.
МБИ-10 оствари пад од 0,87% при што се спушти на ниво од 2.479,87 индексни поени. МБИД оствари значителен пад од 2,87%, при што неговата вредност опадна на ниво од 2.242,75 индексни поени. ОМБ порасна за 0,52%, постигнувајќи вредност од 103,17 индексни поени.
Од официјалниот пазар најмногу се тргуваше со државната обврзница за денационализација од осмата емисија со остварен промет од 2.159.198,28 денари при истргувани 46.274 обврзници. Просечната цена изнесуваше 76,28% од номиналната вредност при незначителен пад од 0,03%.
Втора по ликвидност од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид Скопје со промет од 1.656.310,00 денари. Со остварената просечна цена од 4.488,64 денари се постигна незначително намалување на дневна основа од 0,06%. Истргувани беа 369 акции од Алкалоид Скопје.
Акцијата на Гранит Скопје забележа промет од 548.331,00 денари при истргувани 901 акции. Со просечната цена од 608,58 денари се постигна намалување од 0,19%.
Најликвидна од редовното тргување при редовниот пазар беше акцијата на ФХЛ Мермерен Комбинат Прилеп при што прометот изнесуваше 5.922.000,00 денари, а се истргуваа 21.150 акции преку една трансакција. Просечната цена од 280,00 денари по акција значеше намалување од 20,00%.
Акцијата на Раде Кончар Скопје оствари промет од 4.377.960,00 денари при истргувани 5.469 акции. Просечната цена изнесуваше 800,50 денари, а намалувањето беше 12,99%.
Макпетрол Скопје објави неревидиран биланс на успех за период од 01.01.2009 – 30.06.2009 година при што е прикажана загуба од 233.231.000,00 денари.
Димко Митрев објави неревидиран биланс за успех за период од 01.01.2009 – 30.06.2009 година при што е прикажана добивка од 209.000,00 денари.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Осигурителна полиса Скопје
2. ФХЛ Мермерен Комбинат Прилеп
3. Раде Кончар Скопје
4. Р.Македонија – Денационализација 08
5. Алкалоид Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Услуги Скопје 7,30%
2. Фершпед Скопје 6,25%
3. Македонски Телеком Скопје 2,24%
4. Р.Македонија – Девизни Влогови 2,11%
5. Р.Македонија – Денационализација 04 1,28%
Хартии од вредност со најголем пад
1. ИДЕВЕЛОП Скопје 28,57%
2. ФХЛ Мермерен комбинат Прилеп 20,00%
3. Раде Кончар Скопје 12,99%
4. Макстил Скопје 6,25%
5. Хотели Метропол Охрид 2,52%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Го разбираме револтот и незадоволството: СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците
СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата, соопштуваат од оваа партија.
„Го разбираме револтот и незадоволството кај работниците и целосно ги поддржуваме нивните барања, за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на платите за 100 евра во останатите сектори.
Граѓаните, работниците живеат тешко, инфлацијата и покачените цени го јадат стандардот на работниците, сиромаштијата расте а платите стојат во место.
Владата на Мицкоски нема пари за зголемување на минималната плата, пари има само за тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините за друга фирма, 9 милиони евра за тендери со двајца вработени, 1,2 милиони евра за тендери преку Пошта“.
За време на владеењето на СДСМ, додаваат од опозициската партија, парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
И како опозиција, напоменуваат, СДСМ стои зад работниците.
„СДСМ предлагаше Закон за покачување на минималната плата но власта го одби. Поднесовме законски решенија и амандмани во Собранието за покачување на платите во различни сектори, но власта и тоа го одби.
Обврска на владата е да обезбеди покачување на минималната плата наместо да увезува „економски работници“ а да извезува квалификувани кадри надвор од земјата“.
Македонија
МНР со реакција до Бугарија: Македонија останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности, Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации
Македонското Министерство за надворешни работи реагира на денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија.
„Изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија – ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи“, се истакнува во соопштението од МНР.
Од таму со повик до бугарските институции да се водат од, како што е наведено, принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација – принципи кои воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.
„Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации.
Република Северна Македонија и понатаму останува подготвена за дијалог што ќе се води во духот на европските вредности“.
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата
Поради протест на возачите на камиони блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

