Свет
Нагло зголемено градењето станови и куќи во САД
Бројот на нови куќи во САД, чија изградба започна во февруари, бележи остар скок спротивно на предвидувањата на економистите
Бројот на нови куќи во САД, чија изградба започна во февруари, бележи остар скок спротивно на предвидувањата на економистите.
Министерството за трговија во Вашингтон денеска соопшти дека изградбата на нови куќи и станови пораснала за 22,2 отсто во однос на јануари и на годишно ниво изнесува 583.000 единици.
Економистите очекуваа пад на градежната дејност на ниво од околу 450.000 единици.
Бројот на барање за градежни дозволи минатиот месец исто е зголемен за три проценти, на годишно ниво од 547.000.
Крахот на станбениот пазар беше разорен за економското здравје на САД и го турна најголемото светско стопанство во рецесија.
Владата на претседателот Барак Обама објави програма од 75 милијарди долари што треба да ја запре поплавата од заплена на становите поради хипотекарните долгови.
Повеќе од два милиони Американци минатата година се соочија со процедура на заплена, а оваа бројка следните години би можела да се искачи до 10 милиони, во зависност од силината на рецесијата. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

