Македонија
Фуере: Македонија и Грција да влезат во забрзан дијалог
Македонија и Грција да влезат во забрзан дијалог и прашањето за името да се надмине до јуни. Ова денеска во Скопје го побара претставникот на Европската Унија, Ерван Фуере, повторувајќи ги заложбите на Комесарот за проширување, Штефан Фуле
Македонија и Грција да влезат во забрзан дијалог и прашањето за името да се надмине до јуни.
Ова денеска во Скопје го побара претставникот на Европската Унија, Ерван Фуере, повторувајќи ги заложбите на Комесарот за проширување, Штефан Фуле, искажани за време на минатонеделната посета на земјава.
„Како што го слушнавме Комесарот Фуле во петокот, јас можам да повторам што кажа тој – дека сме уверени дека обете страни ќ влезат во забрзан дијалог за да најдат задоволително компромисно решени до Советот во јуни. Тоа е она на што сите ние работиме“, изјави Фуере за време на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет за граѓанско општество на Македонија и Европската Унија што се одржува во Скопје. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Министерот Мисајловски положи свежо цвеќе на британските воени гробишта
Министерот Владо Мисајловски денеска положи венец со свежо цвеќе на британските воени гробишта во Скопје, во спомен и сеќавање на сите жртви од сите војни, соопштија од министерството за одбрана.
„Одбележувањето на Денот на сеќавање нека ни послужи како лекција која мораме да ја научиме. Да не ја повторуваме историјата која е исполнета со големи страдања и многу изгубени животи!“, пишува во објавата на ФБ.
Македонија
Јаневска: Буџетот за научно-истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот
„Денес се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата“, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
„Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката. Буџетот за научно – истражувачка дејност за следната година ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните 4 години да изнесува најмалку 1% од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3%. Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. И Ќе поддржиме научно – истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации. Клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно – истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела. Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката!“, напиша Јаневска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: ДЗР утврдила недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца во време на СДС и ДУИ
Власта на СДС и ДУИ систематски го уништувала здравството, што поради неспособност, што поради криминал, кажа на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според Извештајот на ДЗР и покрај удвојување на бројот на апарати за магнетна резонанца во период од 2017 до 2022 година, бројот на прегледи не е зголемен, и истите се неискористени. Според ДЗР еден апарат кој е донација воопшто не е ниту ставен во функција. Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади. Кога има ваков мал број на снимања ќе се очекува барем истите да бидат брзи и без поголеми чекања, но реалноста изминативе години беше сосема поинаква. Во системот за термини, со години се внесувале помалку термини, што како последица на дефект на апаратите, што како последица на недоволно обучен кадар. А пациентите се тие кои страдале и не добивале услуга“, рече Петрушевски.