Свет
Макаров:САД нема да издржат воен удар врз Иран
Евентуален воен удар против Иран би бил многу тежок за САД и тие нема да можат тоа да го издржат, смета началникот на Генералштабот на руската армија генерал Николај Макаров.
Евентуален воен удар против Иран би бил многу тежок за САД и тие нема да можат тоа да го издржат, смета началникот на Генералштабот на руската армија генерал Николај Макаров. „Претседателот на Заедничкиот комитет на началник-штабовите на САД адмирал Мајкл Мулен неодамна изјави дека Вашингтон има план за нанесување удари врз Иран. Но САД многу добро знаат дека во моментот водат две воени кампањи во Ирак и Авганистан и трета кампања против Иран би била целосно промашување, тие едноставно нема да издржат“, рече Макаров. Според него, по завршувањето на воените кампањи во Ирак и Авганистан варијантите за американски воен удар против Иран повторно ќе излезе на преден план. /крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не е вистина дека сопругата на Асад побарала развод, велат од Кремљ
Кремљ денеска ги демантираше информациите во турските медиуми дека Асма ал Асад, сопругата со британско потекло на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, сака да се разведе и да ја напушти Русија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така ги отфрли извештаите на турските медиуми кои сугерираат дека Асад е задржан во Москва и дека неговиот имот е замрзнат.
„Не, тие не соодветствуваат на реалноста“, одговори тој на прашањето за време на конференциска врска дали наводите се вистинити.
Турските и арапските медиуми вчера објавија дека Асма ал Асад поднела барање за развод во Русија, каде семејството Асад доби азил овој месец, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.
Свет
Руската разузнавачка служба предупредува дека претседателката на Молдавија се подготвува за војна
Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) предупреди дека молдавската претседателка Маја Санду подготвува план за воена операција во Придњестровје, наведувајќи дека никој не може да гарантира дека таа нема да се обиде да започне вооружен конфликт.
Во пораката испратена од СВР до агенцијата ТАСС, се наведува дека претседателката на Молдавија неодамна одржала состанок со молдавската влада за прашања од енергетската безбедност, но средбата завршила со тоа што Санду укажала на потребата од развој на план за воена операција која има за цел воспоставување контрола над Придњестровје и елиминирање на руското присуство во регионот.
„Никој не може да гарантира дека претседателката на Молдавија нема навистина да се обиде да започне вистинска војна во регионот“, нагласува СВР во пораката до агенцијата ТАСС.
Свет
Oрбан: ЕУ ја изгуби војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е на дофат и дека ќе започне нов свет со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
„Русите беа спремни да се согласат со Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се’ уште не, но православниот Божиќ се’ уште не пристигнал“, рече Орбан.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна – Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите, објави унгарскиот портал „Инфостарт“.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено се залагаат за мировни преговори за Украина.