Економија
Хјундаи најголем азиски продавач во Европа

Најголемиот јужнокорејски произведувач на автомобили Хјунади стана најголем азиски извезувач на возила во европа во 2010 година, надминувајќи го за првпат јапонскиот Тојота, чијашто продажба значително потфрли поради кризата со масовното повлекување на возилата, пренесува Танјуг.Според најновите податоци на Здружението на европските производители на автомобили, продажбата на групацијата Хјундаи во рамки на која работи и партнерската Киа, пораснала за четири отсто во Европа и за десет месеци годинава продадени се 522.000 автомобили.Конкурентската Тојота во тој период ја намалила продажбата во Европа за 17 отсто, на околу 512. 000 возила.Хјундаи е четврти по ред производител на возила во светот, исто така од Тојота успеа да преземе и дел од американскиот пазар, откако јапонскиот авто-гигант повлече осум милиони возила, пред се поради со проблеми со педалот за гас и изненадното забрзување на возилата./крај/та/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Царината: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во царината во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа.
Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари.
Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти.
„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата”, вели директорот Бобан Николовски.
Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.
Економија
Судот ги прогласи царините за незаконски, но Трамп тврди дека остануваат во сила

Американски апелациски суд во Вашингтон пресуди дека поголемиот дел од царините што претседателот Доналд Трамп ги воведе во текот на својот втор мандат се незаконски.
Судот се занимаваше со законитоста на т.н. „реципрочни“ царини кои Трамп ги воведе во февруари против Кина, Канада и Мексико, а во април и кон повеќето други земји ширум светот. Одлуката не се однесува на царините воведени врз основа на други законски овластувања, како што се царините за увоз на челик и алуминиум.
Трамп воведувањето на царините го оправда со Законот за меѓународни вонредни економски овластувања (ИЕЕПА), кој му дава овластувања за справување со „необични и вонредни“ закани за време на национални вонредни состојби. Во април, тој прогласи национална вонредна состојба поради долгогодишниот трговски дефицит, тврдејќи дека увозот надвишува извозот и дека тоа ја поткопува американската индустрија и воената подготвеност.
Апелацискиот суд пресуди во два случаи – еден што го покренаа пет мали американски компании и другиот што го поднесоа 12 американски сојузни држави предводени од демократите. Тие тврдат дека ИЕЕПА не овозможува воведување царини и дека спорното овластување му припаѓа на Конгресот, а не на претседателот.
Други судови, вклучувајќи го и Американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк, веќе пресудија дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на царините. Најмалку осум тужби ја оспоруваат царинската политика на Трамп, вклучувајќи и една од Калифорнија.
По пресудата, Трамп преку социјалните мрежи порача дека царините остануваат во сила, и оцени дека Апелацискиот суд бил „високо пристрасен“ и неточен.
„Сите царини остануваат во сила! Денеска еден високо пристрасен Апелациски суд неточно рече дека нашите царини треба да бидат укинати, но тие знаат дека Соединетите Американски Држави на крајот ќе победат“, напиша Трамп.
Економија
Македонија ќе биде транзитен мост на Балканот и дел од европските коридори, велат од Вреди

Вреди соопшти дека изградбата на Железничкиот Коридор 8 претставува историски чекор, не само за инфраструктурниот развој, туку и за регионалната интеграција и зајакнувањето на позицијата на Албанците во регионот.
„Коридорот 8 не е само железничка линија, тоа е големата артерија што ги обединува Албанците и отвора нови хоризонти за развој на целата земја“, порачуваат од партијата.
Владата во која партиципира и Вреди ја донесе одлуката за спроведување на договорот за грант во износ од 3,7 милиони евра, обезбедени од Европската инвестициска банка. Средствата ќе се искористат за подготовка на нова проектна документација и постапки за тендерирање. Паралелно, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура започнува избор на надзор за изградбата, со што се гарантира ефикасност и транспарентност во процесот.
Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, нагласи дека железничките проекти се двигател на економскиот развој и интеграцијата во Европа.
„Нашето целосно залагање е насочено кон тоа железницата да стане мотор на поврзувањето – економски, регионално и национално. Со Коридорот 8 ја градиме иднината на сите граѓани“, изјави таа.
Од Вреди порачуваат дека со оваа динамика, железницата повеќе не е само план, туку реалност што ќе ги поврзе Скопје со Тирана и Драч, правејќи ја Македонија суштински дел од европските транспортни коридори и мост на соработка меѓу Албанците, каде и да живеат.
„Ова е визијата на Вреди, силна држава, економски конкурентна, модерна и неразделно поврзана со Албанија и Европа. Железничките коридори не се само линии на мапа, тие се артерии на развој кои ќе ја хранат иднината на Албанците и на сите граѓани со децении“, стои во соопштението.