Контакт

Политика

Груевски промовираше седум нови мерки за младите

Објавено пред

Челникот на валдејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, помовираше во четвртокот седум нови мерки за младите со што, со претходните проекти кои ги промовираше неговата партија, како што рече, за околу два месеца понуди 34 проекти за млади.

dobivaj vesti na viber

Со првиот проект е предвидено да се намали партиципацијата за 50 проценти за студенти од самохрани и еднородителски семејства, по што следат проекти за основање и отворање на национална математичка гимназија во Скопје, за стимулација за упис на техничките факултети, за изградба на нов современ конгресен центар во Охрид. Со проектите е предвидено и изградба на нов отворен базен во рамките СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, возобновување на објектот на некогашната учителска школа во Скопје, како и изградба на современи бини за настани и манифестации на шест плоштади во Скопје.

Според Груевски, станува збор за седум значајни проекти за младите кои се доказ за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон создавање дела и нивниот влог за подобар живот на младите.

„Тоа се 34 различни проекти прецизно обмислени со конкретни рокови и динамика на реализација, 34 проекти зад коишто стои нашиот труд и нашата визија за младиот човек’, рече Груевски.

Првата од нив е наменета за младите кои доаѓаат од самохрани или еднородителски семејства.

„Ќе ја намалиме партиципацијата за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства. ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. Социјалниот статус не треба да биде пречка за реализација на амбицијата и за стекнување на факултетска диплома. Предвидуваме намалување на партиципацијата за 50 проценти за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети, кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство во кое вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата“, појасни Груевски.

За оваа мерка Владата секоја година ќе носи одлука за квоти за секој факултет. Мерката ќе почне да се реализира од септември 2017-тата, во соработка со МОН и МТСП. Владата, исто така, согласно законот за високо образование досега ги ослободи од партиципација дечињата од социјално ранливите категории и децата без родители. Средствата за партиципацијата се покриваат од Буџетот.

Најавувајќи ја втората мерка Груевски рече дека влогот во математичките познавања како основа на речиси сите природни науки придонесува кон продуцирање на кадри со изразени когнитивни способности, информатичко-аналитички вештини, логичко размислување и решавање предизвици.

„Никогаш математиката сама за себе не била цел, туку суштинска алатка за постигнување други цели и отворање на значителни можности. По примерот на многу земји предвидуваме отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми креирани и одобрени од Биро за развивање на образованието и поддршка од Природно-математичкиот факултет и МАНУ, кои ќе бидат дел од вонредниот наставен кадар и поддршка на редовниот“, истакна челникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови. Гимназијата ќе биде опремена со компјутерски лаборатории за изучување на математика и други сродни области,а ќе се изучува и напредна математика.

Груевски најави и изградба на нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

„Согласно потребите на центарот, согласно на тоа што таму постои аква-парк кој одлично функционира, базенот ќе биде дополнителна нова понуда. Трошоците за изградба се 740.000 евра. Почеток на градба е предвиден за 2018 година. Со ова, заедно со проектот за затворени тениски игралишта и затворена гимнастичка сала, како и постоечките, ќе се добие современ центар за рекреација за скопјани и сите други граѓани кои доаѓаат тука“, рече Груевски.

Во Охрид, пак, ќе се гради нов Конгресен центар, замислен да биде еден од најрепрезентативните конгресни центри во Европа, одлично место за сите видови настани изведен по највисоки стандарди.

„На Охрид како туристички центар, но и на Македонија ѝ недостига ваков простор со врвно опремени сали, ресторан и паркинг. Конгресниот центар ќе претставува современо место за организирање на голем број младински и конференциски настани, годишни собранија, концерти, конференции на меѓународни асоцијации, корпоративни конференции и различни гала вечери. Предвидени се содржини за три до четири мултифункционални сали за саемски изложби, состаноци и слично, со капацитет до 150 луѓе, голема сала за најмалку илјада лица, пет до шест помали за билатерални средби, односно капацитет од околу 1500 лица кои во исто време ќе може да присуствуваат во центарот. Ќе има и соодветен ресторан, опрема, аудио и видео контролна соба, интернет, звучна изолација и сите елементи потребни за ваков модерен и современ центар кој најмногу ќе биде користен од младите лица“, додаде потенцираше Груевски.

Објектот ќе започне да се гради во првата половина на 2017 година откако ќе бидат преземени подготвителни активности за вцртување во деталниот урбанистички план на Охрид, изработка на проекти и избор на изведувач. Проектот ќе чини 10 милиони евра, а Конгресниот центар ќе биде лоциран на само 15 минути од аеродромот во Охрид, во населбата Даљан.

Пазарот на труд има потреба од кадри од техничките факултети, а поради дефицитот, ВМРО-ДПМНЕ промовира нова мерка за стимулација за упис на овие факултети.

„Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Кадри недостасуваат на пазарот на трудот. Затоа во академска 2017 и-2018 година ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно. Условот е да не презапишуваат предмети“, рече Груевски. Според него, ова ќе придонесе да се стимулираат што повеќе млади да се запишат на техничките факултети.

Груевски го најави и обновувањето на Учителската школа во Скопје. „Ова предвидува реизградба на зградата на некогашната педагошка образовна установа, а која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Планирано е да се опфати во програмата за инфрастурктурни инвестиции на МОН и Министерството за култура во 2017 година. Потоа ќе биде просторно решение за некоја од државните високообразовни установи која во моментот нема свои простории, а младите ќе учат во технички напредни простории и во современи услови, а град Скопје ќе добие репрезентативен проект, потенцираше тој.

Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите се, исто така, меѓу седумте нови проекти наменети за младите лица.

„Во овој проект е превидено градот Скопје по теркот на современите метрополи да изгради вкупно 6 функционални и подвижни бини со цел зголемување на културната и забавната понуда на младите. Ќе бидат опфатени 6 различни плоштади:плоштад Македонија, плоштадот Филип Втори, плоштадот Мајка Тереза, плоштадот Пресвета Богородица кој за месец-два ќе биде целосно завршен, плоштадот Скендербег и плоштадот ВМРО,“ рече Груевски.

Потенцираше дека согласно планот за активности на надлежните институции, на овие места ќе има најмалку два пати неделно различни младински настани од културен, едукативен, концертен карактер.

„Ќе се потрудиме да има речиси секој ден во различно време настани на сите овие плоштади користејќи ги овие бини. До самите бини ќе има донесена електрична инсталација за да можат да бидат приклучени сите електрични уреди кои се потребни за тие кои ќе прават одреден настан на самата бина. Нивната функција ќе биде анимација на младите и овозможување на корисен простор и збиралиште на младите. Бините ќе бидат монтажни, подвижни и соодветно декоративно уредени во просторот. Првите две бини ќе бидат поставени оваа година, на плоштадот ВМРО ако успешно се завршат подготовките ќе биде готов мај-јуни, а втората на плоштадот Мајка Тереза, најдоцна до крајот на оваа година. Потоа во периодот што следи ќе се постават и преостанатите четири“, рече Груевски../крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Македонија1 час

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет2 часа

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија3 часа

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија3 часа

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион4 часа

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет4 часа

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет5 часа

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет5 часа

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа5 часа

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...

Македонија21 час

Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот...

Македонија22 часа

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија23 часа

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија24 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија1 ден

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа1 ден

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион1 ден

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет1 ден

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...