Контакт

Свет

Седум години Наскови се борат за дедовината

Објавено пред

Иако наследниците имаат конечна и извршна пресуда од Врховниот суд дека се единствени сопственици на имотот, не можат се’ уште да го користат земјиштето

dobivaj vesti na viber

Иако наследниците имаат конечна и извршна пресуда од Врховниот суд дека се единствени сопственици на имотот, не можат се’ уште да го користат земјиштето

 

Цинизмот на оваа држава нема крај. По половина век, откако трајно ни одзеде 16.500 квадратни метри во скопската населба Кисела Вода, сега сака да ни земе уште 8.000 квадрати по срамна цена од десетина евра за квадрат, кој чини 200 евра. Разликата е само што пред 50 години на нашето земјиште се градеа патишта и училишта, а сега на него некои неранимајковци изградија приватни бензински пумпи и деловни центри. Вака Александар Насков, еден од сопствениците на плацот на улицата Првомајска, ја раскажува својата мака со враќањето на имотот што го наследил од својот дедо. Тој не се откажува и ќе бара кривична одговорност на сите што ќариле од неговиот имот.

– Такви има многу во државната администрација – тврди тој.

Александар е еден од внуците на Стојан и Блаже Наскови од Скопје, од кои државата во 1952 година одзела повеќе од 16.500 квадратни метри. Иако наследниците имаат конечна и извршна пресуда од Врховниот суд дека се единствени сопственици на имотот, тие не можат се’ уште да го користат земјиштето. Во нивна полза имаат девет пресуди на Врховниот суд и имотни листови од Катастарот.

Седум години по судовите

Постапката за денационализација ја почнале во 1999 година, но не очекувале толку отпор од државата.

– Земјоделската задруга „Гоце Делчев“, која беше корисник на земјиштето, кое беше државна сопственост, се претстави како сопственик и вложи во изградбата на бензинската пумпа „Супертрејд“ и на деловниот објект на „Фруско“. Катастарот им издал градежна дозвола и ги прифатил купопродажните договори иако знаел дека се води постапка за денационализација на земјата. Истиот превид подоцна го направи Второстепената комисија – објаснува адвокатката на Наскови, Роксанда Пасковска.

Наследниците, по седумгодишно талкање низ државните институции и судовите, сега веруваат само во Врховниот суд и во антикорупциската комисија.

– Сите други, Катастарот, Комисијата за денационализација, Второстепената владина комисија за решавање спорови, државната задруга, пониските судови и Државното правобранителство до крај се обидуваа да го забошотат случајот и да пресудат во полза на корисниците на земјиштето – тврди Насков.

Додека тие ја докажувале сопственоста врз земјиштето, на над 6.000 квадратни метри од нивниот плац никнале два големи деловни објекта – приватната бензиска пумпа „Супертрејд“ и деловната зграда на „Фруско“. Двата објекта почнале да се градат во 2000 година, односно по донесувањето на Законот за денационализација, со кој е забранета изградба на објекти на земјиште што е предмет на денационализација.

Се Чека уште една разврска

Адвокатите на „Супертрејд“, Антонио Апостолски, и на „Фруско“, Панче Нефтенов, не сакаа да го коментираат овој случај бидејќи се’ уште не била завршена постапката пред Основниот суд за судбината на објектите на двете фирми.

– Во Македонија не се проблем само судовите. Многу поголем проблем се органите на управата. За предметот да стигне до суд, некој треба претходно да ја заплетка работата. Во денационализацијата работите ги плеткаат токму органите на управата, кои во секојдневното работење прават големи злоупотреби на овластувањата – вели адвокатката Пасковска.

Деновиве е закажано судење во скопскиот Основен суд, за кое треба да се реши што ќе биде со објектите на „Супертрејд“ и на „Фруско“.

– Ние сме подготвени да ги платиме објектите на двете фирми по пазарна цена. За сите други трошоци газдите нека се обратат до државните функционери што им ветувале дека ќе им ја завршат работата – велат Наскови.

Слободан Содик



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Москва: Венецуела треба сама да ја одреди својата судбина без надворешно мешање

Објавено пред

Руското МНР денес соопшти дека го поздравува назначувањето на Делси Родригез за привремен претседател на Венецуела, додавајќи дека жителите на Венецуела треба сами да ја одредат својата судбина без надворешно мешање.

dobivaj vesti na viber

Сменетиот венецуелски претседател Николас Мадуро вчера во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за трговија со дрога, откако беше заробен од американските специјални сили, во рација. Операцијата ја разбранува политичката сцена во Каракас, каде што лидерите брзо се прегрупираат.

„Важно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација“

Министерството за надворешни работи на Русија преку соопштението информираше дека ги поздравува напорите на венецуелските власти да го заштитат својот суверенитет и националните интереси.

Русија во саботата го осуди нападот на САД врз Венецуела и повика на спречување на ескалација и обид за наоѓање решение преку дипломатски средства. Нагласи дека изговорите за акцијата се „неосновани“, поддржувајќи го барањето на лидерите на Венецуела и Латинска Америка за итен состанок на Советот за безбедност на ОН.

„Во сегашната ситуација, важно е, пред сè, да се спречи понатамошна ескалација и да се фокусираме на наоѓање излез од ситуацијата преку дијалог“, повика Москва.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за национална безбедност на Русија, во неделата изјави дека Латинска Америка се смета за „двор“ на САД и дека Трамп се чини дека сака контрола врз нафтените залихи на Венецуела, нарекувајќи ги постапките на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела нелегални.

Прикажи повеќе...

Европа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Објавено пред

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а на француските патишта загинаа пет лица.

dobivaj vesti na viber

Домашните железнички услуги во Холандија беа целосно запрени утрово откако прекинот на ИТ-системот ги зголеми прекините во железничката мрежа во земјата. Возовите продолжија во делови од земјата неколку часа подоцна, но проблеми имаше во регионот околу Амстердам, популарна туристичка дестинација.

Брзите возови откажани, како и повеќе од 400 летови
Брзите услуги на Eurostar линијата за Париз од Амстердам беа откажани или одложени. Повеќе од 400 летови беа откажани на аеродромот Шипхол во градот, главно управуван од холандската подружница Air France-KLM, бидејќи зимското време го парализираше сообраќајот на еден од главните транзитни центри во Европа петти ден по ред.

Шпанскиот државјанин Хавиер Сепулведа е блокиран во Шипхол три дена и не може да се врати дома во Норвешка. Сепулведа рече дека чекал пред шалтерот на KLM во вторник од 6:30 часот наутро и шест часа подоцна сè уште не бил ни близу до него. „Можам да ја опишам ситуацијата само како хаотична, луда“, рече 39-годишникот.

Во Германија, температурите на југ и исток паднаа далеку под минус 10 степени Целзиусови рано во вторник. Големи делови од земјата беа покриени со снег, вклучително и регионите во близина на Северното Море, каде што дебелите слоеви снег се ретки. Метеоролозите предвидуваат бура во петок, со очекувани обилни снежни врнежи на север и исток.

Во Франција, продолжен студен бран донесе ниски температури преку ноќ откако вчера падна снег во парискиот регион и големи делови од земјата. Шест мали аеродроми беа затворени во западна и северна Франција, но не се очекуваа откажувања на двата главни аеродроми во Париз.

Министерот за транспорт Филип Табаро ги повика луѓето да го намалат патувањето со автомобил и да работат од дома, предупредувајќи дека одмрзнатиот снег, кој потоа повторно се замрзнал преку ноќ, создава опасни услови на патиштата.

Пет лица загинаа во сообраќајни несреќи поврзани со условите на замрзнување од вчера, објавија BFMTV и други француски медиуми. Автобуските услуги во Париз беа хаотични откако повторно започнаа по вчерашното запирање.

Метеоролошкиот завод во Велика Британија вчера соопшти дека ризикот од зимските непогоди може да продолжи во текот на целата недела за поголемиот дел од земјата. Издаде жолто предупредување за снег во централна Шкотска.

Обилните снежни врнежи и дожд предизвикаа хаос низ Западен Балкан оваа недела – патиштата беа затворени, беа пријавени прекини на електричната енергија, реките се поплавија. Вчера, една жена почина во Сараево откако дрво падна врз неа.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград

Објавено пред

Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.

dobivaj vesti na viber

Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.

Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.

Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија52 минути

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа1 час

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија4 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ4 часа

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа5 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија6 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ7 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет8 часа

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет10 часа

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет10 часа

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет10 часа

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...

Свет1 ден

Идентификувани сите жртви во пожарот во Швајцарија, повеќето од нив се помлади од 18 години

Швајцарските власти ги идентификуваа сите 40 жртви од ужасниот пожар што се случи во бар за време на новогодишната ноќ...

Економија1 ден

Директорката на УЈП не призна грешка во испратените решенија за данок од работа во странство, но повика секој што има доказ дека е платен, да го достави

Решенија за оданочување на доход од странство за 2020 година Управата за јавни приходи (УЈП) законски морала да ги испрати...

Македонија1 ден

Ампутации, рани, изгореници, кај седум лица било интервенирано на новогодишната ноќ; Алиу со апел, петардите не се играчка, нивното користење е забрането

Со презентацијата на директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска ја заокруживме едукативната кампања за...

Македонија1 ден

(Видео) Димитријевиќ: Цела структура на ВМРО во „Алта Банка“, Неделкова, баџанакот на Тошковски, Кадиевска-Војновиќ

Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател, се враќа фокусот...

Македонија1 ден

МНР: Наместо неаргументирани коментари, од Бугарија очекуваме европско однесување и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето. Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување...

Македонија1 ден

Бугарското МНР: Скопје повторно отстапува, прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците е внатрешно

Бугарија изразува загриженост за отстапувањата на Скопje од Европскиот консензус од 2022 година, се вели во ставот на Софија, објавија...

Свет1 ден

Орбан: Пред нас се уште понестабилни, непредвидливи и опасни години

Американските акции против Венецуела дадоа дополнителен доказ дека сегашниот глобален поредок се распаѓа, додека новиот свет сè уште не е...