Регион
Мистериозни сообраќајќи однесоа четири животи во БиХ

Четири лица загинале во низа мистериозни сообраќајни несреќи кои изминатите три дена се случиле на патот во централниот дел од Босна и Херцеговина кој ги поврзува Јајце и Бања Лука, а и натаму трае потрагата во водите на реката Врбас по телото на еден од настраданите, пишуваат во вторникот локалните медиуми.
Овој ткн „пат на смртта“, кој е главната врска меѓу централна Босна и Бања Лука, е позната по бројните трагични несреќи и важи за многу тесна и опасна, особено при лоши временски услови. Локалното население се жали дека не се поставени браници како заштита при излетување од патот, и оти водите од блиската акумулација и влагата од дождовите патот го претвораат во вистинско лизгалиште.
Спасувачките служби и нуркачите во понеделникот во матните води на Врбас успеале да пронајдат два автомобила кои во одвоени несреќи во неделата слетале од коловозот. Во нив се најдени телата на 25-годишна жителка на местото Лакташи и на 50-годишен маж од Бијелина.
Несреќите на автомобилите во кои двајцата настрадале на полицијата ѝ ги пријавиле сопатниците кои успеале да се извлечат од возилата, но спасувачите наишле на големо изненадување кога во реката откриле уште еден автомобил за чие исчезнување никој не ја известил полицијата.
Во автомобил „шкода“ со словенечки регистарски ознаки откриле тело на жена за којашто никој во околината не знаел која е.
Бањалучкиот дневен весник Независне новине пишува во вторникот дека по извлекувањето на автомобилот и обдукцијата, било утврдено дека станува збори за 48-годишна жена од местото Хрваќани, која живеела во Словенија.
Се покажало, исто така, дека во автомобилот во време на несреќата се наоѓал и незиниот 53-годишен сопруг. Меѓутоа, неговото тело го нема, а спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата, бидејќи претпоставуваат дека го однела надојдената вода./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентот во Бугарија одби воведување на еврото

Претседателката на бугарскиот парламент, Наталија Киселова, го отфрли предлогот на претседателот Румен Радев за организирање референдум за воведување на еврото, велејќи дека тоа е спротивно на уставот, објави бугарската новинска агенција БТА.
Радев предложи одржување референдум за воведување на еврото следната година.
„Дали се согласувате дека Бугарија треба да ја воведе единствената европска валута „евро“ во 2026 година?“ е прашањето што би се поставило.
Владата го критикуваше ова, а еден министер рече дека тоа е обид за саботирање на нејзините напори за воведување на еврото.
Враќајќи го предлогот, Киселова рече дека тој е неконзистентен со неколку членови од бугарскиот устав и договорите на ЕУ, како и со одлуката на бугарскиот Уставен суд.
Бугарскиот Уставен суд претходно го отфрли барањето за организирање референдум за воведување на еврото.
Бугарската влада планира да го воведе еврото во јануари доколку Европската комисија и Европската централна банка во јуни оценат дека земјата ги исполнила сите критериуми.
Регион
Вучиќ: Политичката волја на Србија е да биде на европскиот пат; Разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Палатата на Србија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека никого не довел во заблуда со тоа дали ќе оди на прославата на Денот на победата во Москва.
„Србија, како што рече Кошта, секогаш е на европскиот пат и, како што рече, можеби има непослушен претседател, но тој претседател никогаш не го довел во прашање тој пат“, рече Вучиќ на прес-конференција.
„Многу сум среќен што имав можност да разговарам со претседателот на Европскиот совет и сум задоволен од содржината на нашите разговори. Му благодарам на претседателот Кошта за посетата на Србија, за тоа што донесе добра волја во разговорите за пристапување на Србија во Европската Унија“, рече Вучиќ на почетокот од своето обраќање.
Тој зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.
„Реков дека Србија е секогаш подготвена за разговори, дека никогаш не сме бегале од дијалог“, нагласи тој.
„Разговаравме и за неопходноста од спроведување реформи во нашата земја. ЕУ е најважниот партнер за нас. Имаме најголем обем на размена со ЕУ. Нашиот извоз е 52 процента од Западен Балкан. Важно е што 4 од 10-те најголеми извозници од нашата земја се инвеститори од ЕУ“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека со Кошта разговарал и за неговата посета на Москва.
„Добро знам и разбирам што мисли ЕУ за моето патување во Москва, што чувствуваат тие. Мислам дека е исклучително важно да повторам каква е политичката волја на Србија, а тоа е Србија да биде на европскиот пат, да го отвори Кластерот 3 што е можно побргу. Атмосферата не е толку добра поради патувањето во Москва. Верувам дека ќе има разбирање во Европа, напредок базиран на заслуги“, рече Вучиќ.
„Верувам дека ќе можеме да добиеме зелено светло. На секое место, и јас отсекогаш сум велел, дека сегашноста и иднината на Србија припаѓаат на соработката и членството во ЕУ. Многу добро ги разбирам нивните приговори дека не воведовме санкции врз Русија. Од самиот почеток Србија стоеше на принципи почитувајќи ја Повелбата на ОН“, рече Вучиќ.
„Се надевам дека ќе го завршам мојот мандат како претседател на Републиката, така што Србија ќе биде поблиску на патот кон ЕУ“, рече претседателот на Србија.
„Не е мое да слушам, туку да му служам на народот, јас сум претседател на Србија. Ја најавив мојата посета на Москва и никогаш не излажав, „непослушниот“ претседател никогаш не го доведе во прашање европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ.
„Јас сум претседател на Србија и морам да се грижам за патот на нашата земја. Морам да ги замолам сите државни органи да работат на европскиот пат. Да се натпреваруваме во таа позитивна смисла“, додаде Вучиќ.
Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.