Македонија
Меѓународен саем на медицина и козметика
Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема, инструменти и лекови, како и саем на козметика и убавина, од денеска и во наредните
Меѓународен саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема, инструменти и лекови, како и саем на козметика и убавина, од денеска и во наредните три дена се одржува на Скопскиот саем.
На изложбениот простор се претставуваат околу 150 компании од Македонија и дваесетина земји од Европа, Азија, како и САД.
Меѓународниот саем на медицина ќе го отвори министерот за здравство Бујар Османи.
Овогодишниот Саем на медицинска, дентална и фармацевтска опрема, инструменти и лекови, е под покровителство на Министерството за здравство и Фондот за здравствена заштита.
Во рамки на саемските активности, Министерството за здравство утре на својот штанд ќе организира „Отворен ден“.
Сите заинтересирани граѓани ќе имаат можност, изворно да се запознаат со активностите и сопроектите на Министерството, да ги изнесат свои предлози и сугестии и да разговараат со соодветните одговорни лица од секторите и органите во состав. /крај/со/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец, -4 во Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија и Струмица, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци и Гевгелија, -2 во Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 во Виница, 1 во Претор, 2 во Охрид.
Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 33 сантиметри на Попова Шапка и 28 Маврови Анови.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Во првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, во југозападните делови умерено до значително облачно. Во втората половина облачноста постепено се зголемуваше. Утрово времето е променливо облачно, во крајните југоисточни делови со сончеви периоди, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Времето денеска
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.