Македонија
Еден починат од грип
Клиниката за инфективни болести добила потврда за починат 64-годишeн пациент, кој на Инфективната клиника бил хоспитализиран со зголемена температура, треска, отежнато дишење, кашлица и општа изнемоштеност.
Клиниката за инфективни болести добила потврда за починат 64-годишeн пациент, кој на Инфективната клиника бил хоспитализиран со зголемена температура, треска, отежнато дишење, кашлица и општа изнемоштеност.Пациентот претходно боледувал од кардиоваскуларни заболувања поради што дошло до нагло влошување на состојбата и вчера била констатирана смрт. Пациентот бил клинички пријавен како грип но се уште нема лабораториска потврда за типот на вирусот, информира Комисијата за пандемски грип.На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие амбулантски биле прегледани шест пациенти со симптоми на грип, од кои тројца биле хоспитализирани и таму во моментот болнички се лекуваат 39 лица со докажана или со суспектна инфлуенца.Во Градската општа болница „8 Септември“ амбулантски биле прегледани пет пациенти, еден е хоспитализиран и таму болнички се лекуваат четворица пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца-Козле нема амбулантски прегледани, ниту хоспитализирани деца со симптоми на грип.Клиниката за детски болести амбулантски биле прегледани девет деца, од кои едно е хоспитализирано и таму во моментот болнички се лекуваат три деца./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Зелениково без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат
– во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од с.Пакошево, кон Ново Село (општина Зелениково)
Македонија
Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките
Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип.
Д-р Драган Ѓоргиевски вели дека кога пациентот е со влошена клиничка слика потребен е ртг наод, но на клиниките апаратите за рентген не им работат, или пак ги блокирале итните упати поради гужвите.
„Почнувам со најблиската поликлиника: Јане Сандански (ртг апаратот не работел), Клиника за радиологија ги блокирала итните упати, инаку пнеумонии и плеврални изливи се итни состојби. ГОБ 8.Септември исто. Ги проверив сите поликлиники: Букурешт, Чаир, Бит Пазар, и итен упат не дозволува. Единствено даде во Ѓорче Петров и гледај чудо таму не работеле со итни упати имале гужва. Епа и матичните имаат гужва. Јас денес 90 луѓе во една смена прегледав и никој не ме прашал дали сум имал гужва. Епа нека ми објасни некој каде во Скопје на државно да се направи ртг наод“, прашува докторот во објава на социјалните мрежи.
Како што додава, во сезона на грип и пневмонии не е коректно сите поликлиники да бидат блокирани. Ни останува, вели тој, сите со наоди да ги пратиме на Инфективна, додека и тие не ги блокираат упатите.
Македонија
Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство
Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа.
Груби на универзитетот беше вработен како асистент по новинарство.
Функционерот од редовите на ДУИ се бара со меѓународна потерница поради сомнеж за криминал во „Државна лотарија“, а се наоѓа и на црната листа на САД поради вклученост во корупција. Тој не е достапен за органите на прогонот.