Спорт
Тошак нов селектор на фудбалската репрезентација
Велшанецот Џон Тошак е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, откако раководството на ФФМ успешно ги завршило преговорите со искусниот стручњак
Џон Тошак има 62 години и е познато и почитувано име во фудбалскиот свет. Како активен играч има минато 21 година на фудбалските терени како фудбалер на Кардиф, Ливерпул и Свонси. Дресот на еден од најпознатите светски клубови Ливепрул го носел од 1970 до 1978 година, за „црвените“ настапил на 246 натпревари, постигнувајќи 96 погодоци. Тренерската кариера ја започнал во Свонси како играч-тренер, во богатата кариера ги има предводено Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Бешикташ, Депортиво, Бешикташ, Спортинг, Сент Етиен, Катанија, Мурсија… Бил селектор на Велс во периодото од 2004 до 2010 година. Пред Џон Тошак стои тешка задача да го врати сјајот на македонскиот фудбал и да забележи успешен резултат во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Македонија, која на ФИФА листата се наоѓа на 96 место, во квалификациите за противници ќе ги има Србија, Хрватска, Белгија, Шкотска и Велс.„ Морам да кажам дека разговорите минаа во извонредно конструктивна и пред се прекрасна атмосфера. Господинот Тошак изрази голема желба да го води нашиот национален тим што за нас, не само како федерација, туку и како скромна фудбалска нација е големо признание. Џон Тошак ги прифати условите што ги понудивме во рамките на предвидениот буџет на федерацијата и на заедничко задоволство се договоривме да ја предводи нашата селекција во следниот квалификациски циклус за СП во Бразил“ изјави за интернет страницата на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. Тошак ќе пристигне во Македонија на 25. Август, а официјалната промоција ќе биде ден подоцна. Натпреварот со Азербејџан ќе го следи со посредство на телевизиските екрани а потоа во разговор со Бобан Бабунски ќе добие дополнителни информации за гостувањето во Баку. Тошак изрази желба да проследи и еден натпревар од домашното првенство. Според договорот велшкиот тренер ќе ја предводи Македонија и до крајот на овој квалификациски циклус за Европското првенство 2012. Негов премиерен дуел ќе биде средбата во Москва со селекцијата на Русија на 2-ти септември. „Навистина ми е чест што ФФМ ме одбра мене за селектор на македонската фудбалска репрезентација. Луѓето од раководството беа прекрасни, отворени и тоа ми дава надеж дека заедно можеме да постигнеме успех на репрезентативен план. Ќе ги следам случувањата со Азербејџан и заедно со информациите што ги имам и прегледувањето на неколку натпревари од квалификацискиот циклус за ЕП 2012г. ќе ја добијам дефинитивната слика за потенцијалот на тимот. Се разбира максимално ќе ги искористиме следните квалификациски средби за да што подобро се подготвиме за предизвикот кој се вика Бразил 2014. За групата не би говорел многу. Првиот впечаток е дека се работи за тешка но доста израмнета група. Секогаш верувам во мојата работа и сигурно вреди да се обидеме сите заедно да направиме достоен успех во следниот циклус. Не би говорел во оваа прилика за противниците бидејќи е потребно време да се направи добра анализа а секако и план на активностите. Што се однесува до „мојот“ Велс сигурно дека е тешко да се игра против „своите“ но барем засега не сум размислувал како ќе го прифатат тоа навивачите на Велс. Јас сум професионалец и размислувам само во тој правец“, изјави новиот селектор на Македонија Џон Тошак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

