Контакт

Регион

Првата операција на враќање бегалци од Лезбос и Хиос мина мирно

Објавено пред

Во мугрите во понеделникот од грчките острови во Егејското Море, Лезбос и Хиос, три турски брода натоварија 202 мигранти кои отпатуваа за Турција со што е реализиран првата примената до договорот меѓу Европската унија и Турција од март, чија цел е да се прекине ткн „егејска миграциска рута“, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Лицата кои се прогонуваат, речиси сите млади мажи кои илегално по 20-ти март влегле во Грција, а согласно договорот меѓу Брисел и Анкара, сите се имигранти кои во Грција пристигнале до посочениот датум, а не побарале азили или не ги исполнуваат условите да добијат азил, па оттаму според договорот мора да бидат вратени во Турција.

Првата група мигранти која Грција ја врати во Турција во понеделникот утрото беше упатена кон турското пристаниште Дикили, каде што во неделата протестираше локалното население, тврдејќи дека во нивниот град нема услови за прифаќање на имигрантите.

Преку егејските острови во Европа во текот на минатата 2015 година влегле околу 850.000 мигранти, од вкупно повеќе од 1,1 милион кои бегаат од војните и сиромаштијата. Во првите три месеца од оваа година, пак, на грчките острови пристигнале уште 150.000 мигранти.

За околу 2.000 лица од центарот за прифаќање мигранти во Морија на Лезбос, приоритет е да побараат азил во Грција, изјавил во телефонски разговор AFP Авганистанецот кој се претставил како Туфик. „Разговаравме со адвокатите кои ни објаснија што е најдобро да се стори“, рекол.

Во кампот во Морија, десетина километри оддалечен од пристаништето, локалните власти немале во понеделникот никакви проблеми со бегалците. Без да дадат отпор и без да покажуваат гнев, како изминатите денови, повеќето младите мажи се истовариле од автобусите кои ги довеле од кампот за регистрација на имигрантите на Лезбос, и со полициска и придружба од агентите на европската агенција за заштитата на границите на ЕУ Фронтекс, се качиле на бродовите за Турија. Идентична е ситуацијата и на Хиос, другиот егејски остров, каде што доаѓаа имигрантите од турскиот брег, пренесуваат грчките медиуми.

На една од фотографиите кои беа поставени на сервисот за микроблогирање Twitter снимена на еден од бродовите атмосферата е тмурна. На неа двајца имигранти и двајца агенти на Фронтекс, со хигиенски маски преку лицето.

Фронтекс претходно во понеделникот извести дека вратените лица главно се од Пакистан и од северноафриканските земји, како и дека немаат право на азил во земјите на Европската унија. Само двајца мажи на бродовите се Сиријци, коишто доброволно се вратиле во Турција. „На Лезбос целата постапка мина многу мирно“, задоволно изјави портпаролката на Фронтекс, Ева Монкур.

Во пристаништето Митилена се собрале педесетина демонстранти. „Тажна сум поради нивната судбина, не се знае што ќе биде со нив …., тоа е тажно и фрустрира“, изјавила една германска државјанка за AFP. На фасадата на блискиот хотел е истакнат транспарентот со мотото „Турција не е сигурна земја“, со што се алудира на меѓународните закони кои бранат враќање на беглаци во земјите во кои не им е гарантирана безбедноста..

„Стоп за депортациите!“, „Срамете се!“ и „Европа, разбуди се!“, извикувала мала група демонстранти кои се собрале и на островот Хиос. Млада мајка во рацете држела бебе со капче на коешто пишувало „Не на Турција“, пренесуваат медиумите./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Објавено пред

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот „Вудро Вилсон“ во Белград на вода, објави РТС.

dobivaj vesti na viber

Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23:13 часот.

„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.

На социјалните мрежи се објавени снимки на кои се гледа телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Објавено пред

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење на реформите во Србија, која е потресена од месеци антивладини протести предизвикани од железничката несреќа во Нови Сад пред една година.

dobivaj vesti na viber

Тој се осврна на честите пофалби од Европската комисија, како онаа минатата година кога претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со „драг Александар, покажа дека делата ги следат твоите зборови“.

За време на посетата на Белград во среда, наративот малку се смени, при што фон дер Лајен му се обрати на Вучиќ со „Господине претседателе“.

„Апелираме до Комисијата наместо тоа јасно да ја артикулира потребата од вистински и сеопфатни реформи, вклучително и враќање на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Пицула.

Потпретседателката на пратеничката група на С&Д, белгиската европратеничка Кетлин Ван Бремпт, која е задолжена за проширување на ЕУ во нејзината група, истакна дека секоја неоправдана пофалба од страна на Комисијата за властите во Србија води до тоа студентите и граѓаните што протестираат на улиците да се чувствуваат предадени.

Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе дебатира за резолуција за растечката репресија во Србија, една година откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика месеци протести што Вучиќ ги нарекува „обоена револуција“.

Во изјава за новинарите во Брисел, Пицула рече дека од февруари до септември оваа година имало повеќе од 10.700 протести низ цела Србија, кои биле обележани со репресија врз демонстрантите, произволни апсења и политички мотивирани притворања.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Објавено пред

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“ владиниот предлог беше изгласан, а левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.

dobivaj vesti na viber

Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприспособлив и поефикасен, им овозможува на работодавците во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.

Владата тврди дека со новите правила се зголемуваат флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавецот и вработениот.

Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници ADEDY порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и на општествениот живот и укинување на работничките права“.

Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.

Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулираат продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.

И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 час

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа2 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион2 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет3 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија3 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет13 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија17 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија20 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија21 час

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија22 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија23 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија23 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија23 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија24 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...