Контакт

Актуелно

Делото 'Silver Car Crash' на Ворхол продадено за рекордни 105 млн долари

Објавено пред

Само еден ден откако њујоршката филијала на аукциската куќа Christie’s за рекордни 142,4 милиони американски долари го продаде триптихот на британскиот современ сликар Френсис „Трите скици на Лукиан Фројд“, ривалската аукциска куќа Sotheby’s за рекордни 105,45 милиони долари го продаде металниот диптих „Silver Car Crash“ на Енди Ворхол.

dobivaj vesti na viber

Монументалното дела „Silver Car Crash“ (Double Disaster) постигна нов рекорд кога станува збор за дела од американски уметници, особено за поп-арт уметници, извести Sotheby’s, додавајќи дека почетната цена изнесуваше 60 милиони долари. Аукциската куќа не сакаше да го открие купецот, кој наддавал телефонски.

Сликата е дел од серијата од четири платна под заедничко име „Смрт и уништување“ (Death and Disaster), но само „Сообраќајна несреќа на сребрениот автомобил (Двојна катастрофа)“ до средта 13-ти ноември сé уште се наоѓаше во приватна колекција. Другите три дела се изложени во музеи во САД, Швајцарија и во Австрија.

Металниот диптих со димензии 2,43 на 4 метри е изработен во 1963 година, а изложен беше само еднаш во последните 26 години. Левата страна од делот ја сочинува сериграфија составена од 15 фотографии од една иста автомобилска несреќа, а десната е голем метален посребрен правоаголник. Трите преостанати дела од серијата на Енди Ворхол „Death and Disaster“ ќе бидат изложени во Њујорк, во Швајцарија и во Виена.

За разлика од познатите и популарни дела на Енди Ворхол, сликите на холивудските актери и старлети и лименките, овој диптих ја открива „помрачната“ страна на поп уметноста и културата. Колекционерите и кустосите серијата „Death and Distaster“ од почетокот од 1960-те ја вбројуваат меѓу повредните и позначајни негови дела. Имено, Енди Ворхол во своите дела главно го славеше американскиот консумеризам во своите повторувачки сегменти од призорите на иконите од популарната култура како супата „Campbell“, Мерилин Монро или Елвис Присли.

Еден ден претходно, во вторникот на 12-ти ноември на наддавање на аукциската куќа Christie’s за 57,285 милиони долари беше продадено друго дело на Ворхол – „Coca Cola(3)“, а организаторите планира за него да постигнат цена меѓу 40 и 60 милиони долари.

Оваа црно-бела слика настаната во 1962 година на најпопуларниот пијалак во развојот на човештвото, според многу критичари е едно од главните белези на творештвото на Ворхол. „Она што е прекрасно во Америка е што тоа е традиција којашто ја купуваат и богатите и сиромашните. Можете да видите да гледате телевизија и да видите ‘кока-кола’ и знаете дека ја пијат и претседателот. Елизабет Тејлор и само и да помислите можете да ја пиете и вие“, изјави своевремено Ворхол коментирајќи го своето дело.

Сликата „Coca-Cola (3)“ е во сопственост на семејството Маграби, коешто во 1995 година го купи од милијардерот Си Њухаус. Делото на Ворхол со шише од газираниот пијалак со наслов „Coca-Cola (4)“ беше продадено во 2010 година на аукција Sotheby’s на менаџерот на хеџ-фонд Стивен Коен за 35,4 милиони долари.

Енди (Ендрју) Ворхол е роден на 6-ти август 1928 година во Питсбург во американската сојузна држава Пенсилванија, а почина на 22-ри февруари 1987 година. Рекордната цена за негово дело е постигната на наддавање во Њујорк во 2007 година кога сликата „Сообраќајна несреќа на зелен автомобил“ беше продадена за 71,7 милиони долари.

Минатата 2012 година Енди Ворхол беше водечки на аукциите на уметнички дела затоа што неговите дела постигнаа вкупна цена од 380,3 милиони долари, а дури девет дела надминаа вредност од 10 милиони долари, според податоците на Artnet (ART)./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет1 час

(Видео/Фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет1 час

Иранската војска им порача на Америка и Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...

Свет2 часа

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад,...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку...

Свет2 часа

Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите

Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време...

Македонија10 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет12 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет14 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија14 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија14 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа15 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија15 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет18 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет19 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија19 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија20 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија20 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија21 час

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија22 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...