Македонија
„Космос“ трајно онеспособен, Цаноски сам да го доурне објектот

Објектот „Космос“, чиј инвеститор е фирмата на пратеникот Фијат Цаноски, по превземените активности од страна на извршителит, трајно е онеспособен за секакво понатамошно користење или евентуална доградба.
Објектот „Космос“, чиј инвеститор е фирмата на пратеникот Фијат Цаноски, по превземените активности од страна на извршителите, трајно е онеспособен за секакво понатамошно користење или евентуална доградба.Вакво мислење издал Градежниот факултет по детален преглед од страна на стручни лица, откако општина Гази Баба побарала експертско мислењеИстовремено општина Гази Баба ја известува јавноста дека позитивно одговорила на барањето на фирмата „Фине “да и биде дозволено сама да го изврши отстранувањето на градбата, во дополнителен временски период.„Општина Гази Баба со цел да излезе во пресрет на инвеститорот Фине да го доизврши уривањето, на според нив, поекономичен начин, привремено го прекинува присилното административно извршување на Решението за отстранување на градбата и на фирмата Фине и дава рок од 60 дена за отстранување на истата“, се вели во соопштението.Притоа се потенцира дека доколку инвеститорот не постапи по ова Решение, општината ќе продолжи со присилното административно извршување за отстранување на градбата. Општината денеска имала неуспешен обид да го достави Решението до инвеститорот, поради наводен колективен годишен одмор во претпријатието и согласно Законот истото ќе биде доставено со препорачана пратка. Уривањето на „Космос“ започна на 1 август годинава, а Цаноски најави дека случајот ќе се води пред судовите.Надлежните тврдат дека инвеститорот изградил 1,40 метри над дозволеното и дека Цаноски должи околу 370.000 евра за комуналии, кои планираат да ги наплатат со судски извршител преку трите земјишта што ги дал под хипотека инвеститорот. Цаноски, пак, уверува дека исплатил околу 130.000 евра повеќе од договореното со Општината.. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под контрола, по што повторно избувнува.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека попладнево огнот се заканил на објектите на ЈП Јасен но со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно биле поставени во полукружна одбрана, огнот бил сопрен во близина на самите објекти. Состојбата ја опиша како драматична.
„Прилагодените пинцгауери и хермелини по којзнае кој пат се покажаа одлични, без нив целата оваа борба против огнената стихија ќе имаше друг тек“, рече Ангелов.
Упати голема благодарност до припадниците на специјалните единици на Армијата и Полицијата, Волци, Ренџери и ЕБР како и до пожарникарите од скопската бригада за противпожарна заштита и вработените во ЈП Јасен како и Национални Шуми. Благодарност упати и до Илија Бојаровски – задолжен за односи со јавноста, за кој Ангелов рече дека се наголтал прашина и чад снимајки пеколни сцени, за пожтвуваната борба против пожарите кои беснееја низ државата.
Македонија
Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка платформа „Независни заедно“.
Ивановска најави дека во кампањата ќе се фокусира на решенија, а не на лични напади. Таа истакна дека во Центар ги дели истите проблеми со граѓаните и дека правдата, интегритетот и одговорноста се вредности кои ќе ги применува во креирањето на политики.
„Мојата визија е Општина Центар да биде на граѓаните, а не на профитот. Досегашната состојба е резултат на многу корумпирани и лукративни политики кои го занемарија интересот на граѓаните. Мене не ме водат апетити за профит, јас ги вложувам моите интегритет и капацитет за да понудам решенија кои можат да бидат добри за живеење и да го вратат достоинствениот живот. Не барам моќ и функција, туку сакам моќта да им ја вратам на граѓаните“, рече Ивановска.
Во рамки на платформата „Независни заедно“ членуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“. Платформата е во процес на собирање потписи за формирање политичка партија.
Македонија
Мицкоски: Над 40 милиони денари за субвенционирање на сметките за електрична енергија за ранливите граѓани

Преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека за таа цел се превидени повеќе од 40 милиони денари, одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична енергија.
Мицкоски нагласи дека Македонија има најниска цена на електричната енергија, што не е случај со државите од соседството кои што имаат зголемување на цената на струја од 15, 20 па и 30 проценти.
„Но, она кое што исто така можам да го кажам во многу период на регулирање на електричната енергија откако е оваа Влада 14 месеци, ние немаме покачување на електричната енергија за домаќинствата што не е случај во околината.
Ако ги гледате другите држави ќе видите дека таму електричната енергија е покачена, 15,20 па во некои држави од соседството и 30 проценти. Така што и според Евростат и според сите параметри ние сме држава во Европа која што има најниска цена на струја за или една од двете, трите најниски цени за електрична енергија за домаќинствата.“, посочи премиерот Мицкоски.