Скопје
Комплетно реконструирана главната влезна улица во Општина Илинден

Општина Илинден, во функција на локалниот економски развој изврши комплетна реконструкција на главната влезна улица во Општината, во должина од 660 и широчина од 7 метри.
Со градежните работи беше опфатено поставување на комплетно нов слој асфалт на улица „2“, која што претставува еден од главните влезови во општината. Покрај новиот асфалт, на улицата која е од витално значење за пулсирањето на Општина Илинден, се поставува и атмосферска канализација за одведување на атмосферските води од коловозот.
Со реконструкцијата на улицата „2“ во населба Илинден, на која во текот на зимските месеци на повеќе места дојде до оштетување на коловозот, покрај поголемата безбедност на учесниците во сообраќајот, значително се олеснува движењето на граѓаните во овој дел од општината кој добива сосема нов, поубав лик.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)