Свет
САД и сојузниците бараат помош од Кина и Русија во врска со Северна Кореја

САД, Јапонија и Јужна Кореја денеска извршиле дипломатски притисок врз Кина и Русија за помош при намалувањето на тензиите на Корејскиот полуостров.
Кинескиот претседател Ху Џинтао го предупреди американскиот колега Барак Обама дека ситуацијата може да излезе од контрола.
Како што пишува Ројтерс, во Вашингтон денеска државната секретарка Хилари Клинтон на почетокот од нејзиниот состанок со нејзините јапонски и јужнокорејски колеги рекла дека сите три држави споделуваат голема загриженост заради „предизвикувачките напади од страна на Северна Кореја“.
Јапонскиот министер за надворешни работи Сеиџи Маехара, како и неговиот јужнокорејски колега Ким Сунг-Хван, рекол дека трите земји се надеваат на поголема соработка од страна на Кина и Русија кои даваат впечаток дека се помалку подготвени остро да реагираат во однос на Северна Кореја.
„Ние овој состанок ќе го направиме во собир кој ќе постигне поцврст ангажман на Кина и Русија во нашите напори“, рекол јапонскиот шеф на дипломатијата Маехара
Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама во телефонски разговор со кинескиот претседател Ху Џинтао побарал од него Пекинг да соработува со САД и со сојузниците „за да и’ се испрати јасна порака на Северна Кореја дека нејзините провокации не се прифатливи“.
Претседателите Обама и Џинтао разговарале додека Јужна Кореја ги започнувала своите поморски воени вежби, забележува Ројтерс.
Како што пренесе кинеската државна агенција Ксинхуа, тамошното министерство за надворешни работи соопштило дека претседателот Џинтао на неговиот американски колега Обама му рекол дека „особено во сегашната состојба, ако таа не се реши соодветно, тензиите на Корејскиот полуостров може многу да се зголемат или да излезат од контрола, што нема да биде во ничиј интерес“. „Потребно е смирување, а не затегнување на ситуацијата, судир на дијалози, мир, а не војна“, ги цитира агенцијата зборовите на Џинтао.
Вечерва во Јужна Кореја на средба со тамошните високи претставници на безбедносните сили, отпатува началникот на генералштабот на американската армија, адмиралот Мајк Мален. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.
Свет
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
Свет
Еден загина откако се урнаа два воздушни балони над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската државна телевизија ТРТ.
Загинатиот бил еден од лицата што управувале со балоните.
Несреќата се случила при лет над долината Ихлара, дел од познатата туристичка област Кападокија, која е позната по балонските летови и живописниот пејзаж.