Спорт
Саркози го поддржа Катар за организација на СП 2022

Францускиот претседател Николас Саркози го бранеше остро критикуваниот избор Катар да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година. „Забележувам гнев во последно време од распределбата на фудбалските настани. Не можам да се согласам со луѓето кои тврдат дека натпреварите треба секогаш да се одржуваат во исти „стари “ земји, на истиот „стар континент “. Спортот е универзален и во никој случај не им припаѓа само на европските земји. Спортот е светски, тој е и во азиските, и во арапските земји. Со спортот можеме да ги отвориме границите меѓу земјите во светот и да испратиме навистина глобална порака “, рекол Саркози. ФИФА доби остри критики од некои од кандидатите кои останаа разочарани од тоа што ја изгубија организацијата на СП во 2018 и 2022 година, откако Русија и Катар ја добија оваа привилегија. Сеп Блатер го одобри изборот, велејќи дека тоа е прв избор на земја од арапскиот свет да прифати ваков спортски форум и долеа масло на огнот велејќи им на европските кандидати дека таму турнирот може да биде организиран и во зима./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Цунода не е загрижен за својата иднина во Ред Бул

Јапонецот Јуки Цунода, се огласи по повод шпекулациите дека Ред Бул би можел да го замени со Исак Хаџар наредната сезона.
Јапонскиот возач беше прашан да ги коментира овие шпекулации пред Големата награда на Азербејџан.
„Не знам на какви озборувања мислите“, им рече Цунода на новинарите.
Кога му објаснија, тој одговори дека „тоа не се факти“ и дека се занимава само со сопствените перформанси.
„Јас само се фокусирам на она што можам да го направам“, додаде Цунода.
„Дури и минатата година, кога имаше слична ситуација, ги кажав истите работи“.
Шампионатот во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Азербејџан во Баку. Викендот во главниот град на Азербејџан започнува денес, главната трка ќе се вози в недела.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ерлинг Халанд експресно до 50 голови во ЛШ

Норвежанецот Ерлинг Халанд постави уште еден рекорд, кој тешко дека некој ќе го достигне во блиска иднина.
Водечкиот гол за Сити против Наполи го постигна Ерлинг Халанд во 56-та минута. Тој ја искористи асистенцијата на Фил Фоден и го спречи дотогаш извонредниот голман на Наполи Вања Милинковиќ Савиќ.
Тоа беше јубилеен 50-ти гол на Норвежанецот во Лигата на шампионите, со што постави нов рекорд. Дојде до 50 голови во елитното натпреварување најбрзо во историјата на натпреварувањето, му беа потребни само 49 натпревари.
Халанд се изедначи со легендарниот Французин Тиери Анри на листата на најдобри стрелци во Лигата на шампионите на сите времиња. Тие го делат деветтото и десеттото место со по 50 гола.
Норвежанецот е сè уште далеку од најдобрите стрелци во ова натпреварување, но има само 25 години и времето работи за него…
Foto/ EPA
Спорт
„Црвениот картон го уништи натпреварот, жал ми е што го заменив Де Брујне“

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, не го криеше своето разочарување по поразот на неговиот тим (0:2) од Манчестер сити на „Етихад“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Италијанскиот шампион со големи амбиции пристигна на натпреварот со „Граѓаните“, откако претходно ги забележа сите победи во Серија А, но раниот црвен картон на Џовани Ди Лоренцо ги чинеше подобар резултат во Англија.
Капитенот на Наполи доби директен црвен картон во 21-та минута, што имаше доста влијание врз текот на играта. Сити победи со головите на Ерлинг Халанд и Џереми Доку во второто полувреме.
„Чувствувам горчлив вкус во устата. Имам впечаток дека и играчите се чувствуваат така, бидејќи сите сме разочарани. Се подготвувавме за натпреварот како што сакавме да играме во првите 20 минути, а црвениот картон го уништи натпреварот. Дали беше оправдан црвен или не, не знам… Но, секако беше тешко да се игра со Манчестер и со еднаков број на играчи на теренот. По црвениот картон, беше невозможно. Да останевме со 11 играчи на теренот, немаше да им биде лесно“, рече Конте.
Очигледно, пресвртницата во натпреварот беше црвениот картон на Ди Лоренцо, кој го остави Наполи со играч помалку поголемиот дел од натпреварот. Таквиот развој на ситуацијата го принуди Конте да го замени Кевин Де Брујне од теренот за да создаде рамнотежа во тимот.
„Понекогаш ѓаволот се меша, има суров пресврт на судбината. Минатата година имавме само еден црвен картон. Денес играме во Лигата на шампионите, а по дваесет минути сме со играч помалку. Ми беше жал што го заменив Кевин немаше задоволство да игра на својот стар стадион против својот поранешен клуб.“
Foto/ EPA